Регион
Во Србија рекордни 7.999 новозаразени со коронавирус, 48 починати
Во последните 24 часа биле забележани рекордни 7.999 случаи на коронавирус од 22.837 тестирани. Починаа 48 лица.
Ова е најголем број на тестирани и заболени од коронавирус од почетокот на пандемијата.
На апарати за дишење се приклучени 269 пациенти.
Угостителските објекти и услужните дејности ќе можат да работат само до 17 часот во работните денови, а за време на викендите воопшто нема да можат да работат, е една од новите мерки предложени од Кризниот штаб, што ќе ги донесе владата на седницата в четврток. Мерките ќе важат од петок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На обвинетите за убиството на Данка Илиќ им е продолжен притворот: зад решетки остануваат уште 30 дена
Вишото јавно обвинителство во Заечар ги обвини Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ за убиство на двегодишното девојче Данка Илиќ и предложи да бидат осудени на доживотен затвор. Вишиот суд во Заечар им го продолжи притворот за нови 30 дена.
На осомничените за убиството на девојчето денеска им е одреден притвор.
Вишото јавно обвинителство во Заечар против нив поднесе обвинителен акт поради сомнение дека убиле девојче на 26 март во селото Бањско Поле. Во обвинението е вклучен и Радослав Драгијевиќ (70), таткото на обвинетиот Дејан, поради сомнение дека учествувал во преместувањето на посмртните останки на исчезнатото девојче.
Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ беа уапсени на 4 април и оттогаш се во притвор. По апсењето, тие наводно признале дека со службениот автомобил го удриле девојчето во Бањско Поле, но и дека Дејан, бидејќи Данка давала знаци за живот, го убил детето. Наводно, тогаш рекле и дека телото на девојчето го фрлиле во дива депонија, а два дена подоцна го префрлиле во дворот од семејната куќа во селото Злот.
Телото на девојчето, кое последен пат беше видено на 26 март, до денес не е пронајдено, иако се пребарани повеќе од 30 локации.
Регион
Автомобил паднал во бездна длабока 100 метри, едно лице загина во Босна и Херцеговина
Синоќа, едно лице загина во Бутуровиќ Поле – Лукшија, потврдија од полицијата на Херцеговско-неретванскиот кантон.
Во полиција во 19 часот била пријавена сообраќајна несреќа, во која учествувал возачот М. О. (64) од Коњиќ со автомобил „сузуки“.
Тој во еден момент го запрел автомобилот покрај патот и излегол од него по што возилото тргнало и потоа паднало во бездна длабока 100 метри, а И. К. (72) бил на совозачкото седиште.
Мажот починал на самото место, а неговото тело го извлекле припадници на полициската станица во Прењ.
М. О. е лишен од слобода по наредба на дежурниот кантонален обвинител, а преземени се сите потребни истражни мерки и дејства со цел да се утврдат сите околности на овој трагичен случај.
Регион
(Видео) Позната грчка пејачка доживеа мозочен удар на концерт: колабира на сцената
Познатата грчка пејачка Маринела (86) се бори за живот кога синоќа за време на концертот се онесвести на сцената.
Според локалните медиуми, големата дама на грчката народна музика има мозочно крвавење и е во критична состојба.
Маринела, по падот, била пренесена во болница. Вознемирувачката сцена се случила веднаш по почетокот на концертот кога таа го испеала рефренот на еден од своите најголеми хитови „Јас и ти“.
„А ти, Боже мој, нè научи толку многу да сакаме“, гласи репликата по која Маринела се струполи и падна.
Музичарите веднаш притрчаа на помош додека публиката немо гледаше што се случува. Концертот веднаш беше прекинат. Еден од очевидците за грчките медиуми изјави дека Маринела не изгледала добро кога застанала на бината и дека имала изгубен поглед.
Киријаки Пападопулу, позната по уметничкото име Маринела, ја објави својата прва песна во 1957 година, а досега има снимено 66 албуми.
Учествувала на Евровизија во 1974 година.