Регион
Во Србија стигнува вакцината „модерна“

Во Србија денеска стигнува вакцината „модерна“, најави Јадранка Мирковиќ од Агенцијата за лекови и медицински помагала. Се очекува дека оваа вакцина би можела да биде достапна на пунктовите за вакцинација до крајот на неделата.
Таа додаде дека вакцината на „Џонсон и Џонсон“ е во процес на одобрување и повтори дека нема отстапувања од стандардите, прописите и барањата што секоја серија вакцини мора да ги исполнува пред да се најде на пазарот.
Мирковиќ наведе и дека проверката што ја поминува вакцината „спутник В“ не се разликува од проверката на другите вакцини, без разлика што е произведена во Србија.
Досега во Србија се дадени близу седум милиони дози вакцини, а имало 1.175 пријави за несакани реакции.
„До вчера имавме 1.175 пријави, што е една од шест до седум илјади дадени дози, во зависност од временскиот интервал во кој ги следиме тие статистики“, изјави Мирковиќ за РТС.
Несаканите реакции, вели таа, обично се оние што се очекуваат и се појавуваат на местото на апликација на вакцината, како што се болка, црвенило, оток, изнемоѓтеност, треска и главоболка, а повеќе од 70 проценти од овие реакции поминуваат спонтано.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Владата на Република Српска по налог на Додик ги прекина односите со САД и Британија

Владата на Република Српска денеска донесе одлука за прекин на соработката со амбасадите на САД и Велика Британија во БиХ, на што американската страна веднаш одговори со порака дека тргнале по „опасен пат“.
Прекин на соработката со американските и британските дипломати во Босна и Херцеговина, претходно најави претседателот на Република Српска Милорад Додик, кој е под санкции на САД и Велика Британија од 2017, односно 2022 година, откако Вашингтон и Лондон одлучија да го казнат за сепаратистичка реторика и поткопување на Дејтонскиот договор и корупција.
Оттогаш Додик е во постојана вербална војна со дипломатските претставници на овие две влијателни западни земји, а сега ги наведе властите на РС да донесат одлука да ја прекинат комуникацијата со нив под обвинение дека се мешаат во внатрешните работи на БиХ.
„Владата ќе ги информира надлежните органи на САД и Велика Британија за прекин на соработката со амбасадите на САД и Велика Британија поради нивните антидејтонски активности и кршење на меѓународното право“, се вели во денешното соопштение на владата.
Регион
Додик се закани со прогласување на независнот на Република Српска

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска најави дека Српска ќе прогласи независност, доколку високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, го наметне спорниот закон за имот.
„Ќе одиме во Народното собрание на Република Српска и ќе донесеме одлука за независноста на Република Српска“, изјави Додик.
Тој ги коментираше информациите дека Шмит подготвува закон за имот.
Додик претходно изјави дека смета оти прашањето за имотот е решено со Дејтонскиот договор и дека недвижен имот им припаѓа на субјектите, а не на државата БиХ и ја отфрли можноста парламентот на БиХ да донесе закон за државна сопственост, пренесува Танјуг.
Регион
(Фото) Полицајци во Црна Гора мачеле луѓе со струја, ги гушеле, тепале и киднапирале: служеле во кавачкиот клан

Голем број поранешни и активни припадници на полицијата кои, очигледно, биле на платниот список на кавачкиот клан, се уапсени во голема полициска акција спроведена во Црна Гора изминативе денови. Последното апсење на полицајци уште еднаш ја поткрепи тезата дека кавачкиот клан имал силно упориште во безбедносните служби, а ако се земат предвид и оние кои претходно биле приведени, се добива впечаток дека речиси бројчано се еднакви на „реалните „криминалци.

Фото „Либертас“
Судејќи по комуникациите што некои од нив ги имале преку шифрирани телефони, тие киднапирале луѓе и ги држеле во нивните таканаречени станови во барака, ги тепале, им ставале пиштол во уста, ги мачеле со струја, ги гушеле, им се заканувале и ги омаловажувале и кон нив се постапувало нехумано, објави српскиот портал Либертас.

Фото „Либертас“
Петар Лазовиќ и Југослав Југо Раичевиќ, едни од обвинетите, разговарале за тоа со шефовите и членовите на криминалните групи и често им испраќале фотографии од луѓе кои се измачувани.

Фото „Либертас“
Според досега разгледаните материјали на Европол, Лазовиќ ги известувал криминалците Радој Звицер, Дарко Шариќ, Никола Спасојевиќ, членови на криминалната организација на Шариќ, српските криминалци Вељко Беливук и Марко Миљковиќ.
Петар Лазовиќ е во притвор од јули минатата година. Тој е син на поранешниот помошник директор на Полициската управа Зоран Лазовиќ и за него беше понудена милионска кауција за да излезе од затвор. Неколку понуди од неговите адвокати беа одбиени од судот.