Регион
Во Србија 1.966 нови случаи на коронавирус, починаа 37 лица
Во текот на последните 24 часа во Србија се регистрирани 1.966 случаи на коронавирус, а починаа 37 лица. Направени се 7.573 тестови.
Хоспитализирани се 7.631 лице, што е за 380 лица помалку од вчера.
Вкупно 343.870 случаи на коронавирус се регистрирани во Србија од почетокот на епидемијата, а починале 3.325 лица.
Епидемиологот, Предраг Кон, рече дека Србија ќе обезбеди сѐ што е потребно за масовна имунизација.
„Излезот од оваа здравствена криза е јасен, брзината на излезот зависи од нас“, рече д-р Кон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Трагедија на Уна во Хрватска: се превртел чамец, има загинати
Хрватската полиција и припадници на Хрватската горска служба за спасување од утрово трагаат по лица, најверојатно мигранти, кои завршиле во реката Уна кај Хрватска Костајница, пренесува Н1 Хрватска.
Полицајци околу 4:45 часот слушнале повици од реката Уна кај местото Росуље. Веднаш притрчале на помош и пронашле едно живо лице и едно безживотно тело. Бидејќи се сомнева дека во водата има уште лица, започната е спасувачка акција, потврдиле за 24сата од Полициската управа сисачко-мославачка.
Во потрагата се вклучени и дронови за што побрзо лоцирање и извлекување на лицата. Утврдено е дека дошло до превртување на чамец, објави Вечерњи лист.
Како што неофицијално дознава 24сата, во чамецот кој пловел кон хрватскиот брег имало најмалку пет лица, а наводно станува збор за мигранти и криумчар.
Регион
Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан
Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во трката за премиер изјави дека неговото влегување на парламентарната политика се должи на протестот на Бугарите во декември.
„Тоа е одговор на повикот на бугарските граѓани и нивните очекувања за трансформација на Бугарија во демократска, модерна и слободна европска држава. Масовните граѓански протести во декември низ цела Бугарија, како и во европските градови како Берлин, доведоа до оставка на бугарската влада. Сакаме бугарските граѓани да се чувствуваат целосно слободни, без да зависат од какви било олигархиски интереси и да имаат можност да го развијат својот потенцијал во својата земја“,изјави Радев.
Тој смета и дека завршувањето на војната во Украина бара повеќе дипломатија. Досега, како што вели, фокусот беше ставен на воена и економска помош за Украина, но дипломатските средства не беа доволно искористени. Веќе постои промена во ставот на европските лидери и пореалистичен пристап кон војната во Украина, пренесе БГНЕС. бг.
„Лидери како претседателот Емануел Макрон почнаа да зборуваат за продолжување на дијалогот со Русија и да дискутираат за идната безбедносна архитектура во Европа. Треба да разговараме со Русија бидејќи без дијалог, безбедносната архитектура ќе се базира на ривалство и постојан воен начин на размислување. Како поранешен командант на воздухопловните сили, многу ги ценам инвестициите во одбраната, но мора да бидеме свесни и за долгорочните последици за нашата економија и општествени системи“, рече Радев.
Додаде дека Украина и нејзините граѓани заслужуваат поддршка во ова исклучително тешко време за нив, но членството во ЕУ бара исполнување на Копенхашките критериуми. Радев вели дека земјите од Западен Балкан чекаат со децении и спроведуваат тешки реформи во економијата, администрацијата и владеењето на правото.
„Не смееме да ги заборавиме додека нашиот фокус е на Украина, поради воените дејствија. Брзањето ризикува поткопување на европските принципи, а Украина сè уште има многу работа да направи за да ги исполни критериумите за членство во ЕУ“, додаде тој.
Радев зборува и за Македонија, споменувајќи дека земјата според договореот од 2022 година мора да го промени својот Устав и да ги вклучи Бугарите рамноправно со другите државотворни народи , и само тогаш можат да почнат преговорите за членство во ЕУ.
„Ова е тежок, но неопходен процес и би сакале да го видиме РСМ во ЕУ што е можно поскоро. Не сакаме граници и гранични контролни пунктови, туку сакаме луѓето од двете страни на границата да можат слободно да живеат, работат и комуницираат заедно“, рече Радев.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

