Контакт

Регион

Во Србија 203 нови случаи на коронавирус, две лица починаа

Објавено пред

Во последните 24 часа во Србија се евидентирани 203 нови случаи на коронавирус, а две лица починаа.

Има 25 пациенти на респиратор во болниците низ цела Србија, што е повеќе од вчера, кога тој број беше 22.

Во последните 24 часа тестирани се 6.504 лица.

Седницата на Кризниот штаб за сузбивање на коронавирусот во Србија ќе се одржи утре. Седницата ќе се одржи со оглед на скокот на бројот на новозаболени лица во Србија и појавата на голем број пациенти во неколку градови.

Регион

Влез во Хрватска без ПЦР-тест само за вакцинирани пред шест месеци

Објавено пред

Денес Хрватска ги продолжи постојните мерки до крајот на мај, а една мерка беше попуштена – од денес, сите оние кои се вакцинирани пред шест месеци и со двете дози на вакцини (со исклучок на вакцините на „Астра зенека“ и „„Џонсон и Џонсон“) можат да влезат во Хрватска без ПЦР-тест и карантин. Досега, ова беше случај за луѓето кои биле вакцинирани пред пет месеци.

Исто така, поради локалните избори в недела, на сите хрватски граѓани им е дозволено да влезат без ПЦР-тест и карантин.

Во последните 24 часа евидентирани се 926 нови случаи на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 7214.

Меѓу нив, 1752 пациенти се во болница, од кои 207 се на апарати за дишење. Починале 41 лице.

До денес се тестирани вкупно 1.912.994 лица, од кои 6.587 во последните 24 часа.

Од 13 мај дадени се 1.268.281 дози на вакцини. Досега 980.177 лица биле вакцинирани со најмалку една доза, од кои 288.104 ги примиле двете дози.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Пахор: За мир на Западен Балкан, забрзајте го влезот на тие земји во ЕУ

Објавено пред

Претседателот на Словенија, Борут Пахор, изјави дека треба да се забрза проширувањето на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан и изрази очекување дека ќе биде испратена единствена порака до Брисел од претстојниот самит.

На заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ, Пахор рече дека тој е во посета на земјите од регионот со цел подготовка за самитот, што треба да се одржи во понеделник.

„Сакав да се консултирам со сите за идејата што произлегува од нацрт заклучоците од таа конференција – дека проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е геополитичко прашање и неопходност и дека мора да се одвива побрзо и дека ЕУ мора да го има пред очи целиот Западен Балкан и дека би било одлично кога сите земји од таа област ќе влезат во ЕУ во исто време “, изјави Пахор.

Тој исто така рече дека мирот и стабилноста на Западен Балкан можат да се зачуваат само со релативно брз влез на сите земји од регионот во Европската Унија.

„Некои чувствителни билатерални прашања меѓу земјите во регионот ќе бидат полесно решени или ќе станат ирелевантни ако сите земји се приклучат на ЕУ во најкус можен рок“, рече Пахор.

Запрашан за изјавата „за алтернативна промена на границите“, Пахор одговори дека не верува дека е можна мирна промена на границите во оваа област.

Српскиот претседател Вучиќ рече дека разговарал со Пахор за клучните регионални прашања, евроинтеграциите на Србија и билатералните односи меѓу двете земји.

„Нашата позиција се заснова на почитување на меѓународното јавно право и цврсти правни основи, а нашата позиција не е лесна и не е тајна кога сте во Србија. Јасно е дека имаме поинаков став за прашањето на Косово, како и 22 земји-членки на ЕУ “, рече Вучиќ.

Според него, улогата на Словенија на Западен Балкан е важна.

„Словенија претседава со Европската Унија од јули и нејзината поддршка на европскиот пат е важна“, рече Вучиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

Прва пилот-забава во Хрватска без маски и дистанца

Објавено пред

Во Хрватска вечерва се одржува првата пилот-забава со цел да се провери дали собирите на граѓани кои се вакцинирани, тестирани и оздравени од Ковид-19, се епидемиолошки безбедни.

Пилот забавата започна во 18 часот во ресторан во загрепската улица „Стројарска“, каде ќе биде присутен дежурен епидемиолог од Хрватскиот институт за јавно здравје, кој ќе набудува сè.

Како што пренесува Индекс.хр, ќе има 70 до 80 гости, од кои само еден дел е познат од претходно. Сите, како што е наведено во барањето на епидемиологот и Кризниот штаб, биле вакцинирани со две дози вакцина.

По една недела, учесниците повторно ќе бидат тестирани дали некој е заразен.

Вечерашниот експериментален настан не е класична вечера во ресторан каде групи луѓе се држат на дистанца, туку идејата е да се дружат едни со други без да има растојание меѓу нив и без маски.

Поканетите гости се од различна возраст, и помлади и постари, меѓу нив, има и студенти по медицина, здравствени работници, угостители и други.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Грчките гранични служби го отворија преминот „Евзони“ за македонски граѓани

Од 13 часот е започнато да се пропуштаат возила кон Грција, на граничниот премин „Евзони”. По застојот кон настана изутринава...

Македонија47 минути

Пендаровски не го потпиша Указот за легализација на бесправно изградените објекти

Претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише...

Македонија1 час

Филипче: Помладите ќе почекаат за вакцинација

Пријавените за вакцина преку vakcinacija.mk најдоцна до понеделник ќе добијат термини за вакцинација, рече денес министерот за здравство, Венко Филипче....

Европа4 часа

Германски виролог предупредува на опасност од четврти бран на вирусот

Германскиот виролог Хендрик Штрек очекува дека ситуацијата во врска со коронавирусот сигурно ќе се влоши наесен и дека е можен...

Свет5 часа

Борел: Европската Унија не е способна да го запре Израел

Жосеп Борел, високиот комесар на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, изјави дека Европската Унија не е во состојба да...

Свет5 часа

Во Индија повеќе од 24 милиони заразени од коронавирус, индискиот сој се шири во целиот свет

Бројот на пријавени случаи на Ковид-19 во Индија се искачи на повеќе од 24 милиони лица, а индискиот сој на...

Свет6 часа

Се разгорува воениот конфликт на Блискиот Исток, стотици мртви и ранети

Израелската армија ги засили нападите врз Газа, а од Газа веќе петти ден по ред и натаму се лансираат ракети...

Македонија1 ден

Варвициотис: Не поддржуваме раздвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров утрово во Атина го започна своето учество на 6-от Економски...

Македонија1 ден

Пендаровски: Во регионот сè уште има премногу историја што не држи на задните седишта во Европа

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на виртуелната конференција „Пред иднината – Подготовки за НАТО 2030“ во организација на Атлантскиот...

Свет1 ден

Нова опасност во Индија, смртоносната „Црна Габа“ се појави кај заразените со коронавирус

Се поголем број пациенти во Индија кои се наоѓаат во тешка здравствена состојба поради коронавирусот, добиваат ретка инфекција, т.н. „Црна...

Македонија1 ден

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Муслиманите во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се...

Македонија1 ден

Од полноќ стапува на сила скратен полициски час

Од полноќ стапува на сила скратениот полициски час кој ќе трае до 4 часот наутро. Олабавување на рестриктивните мерки ќе...

Свет1 ден

(Видео) Состојбата на Блискиот Исток се разгорува, Израел ја разгледува можноста за копнен напад на Газа

Дури и по полноќ, конфликтот меѓу израелските и палестинските сили не стивна. Проектили летаа од двете страни со несмален интензитет....

Свет2 дена

Нетанјаху: Ова е само почеток!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека се ликвидирани неколку команданти на Хамас и се закани со досега невиден напад на...

Регион2 дена

Европратеникот Џамбаски до Србија: Омразата кон Бугарите нема да ве однесе во ЕУ

Бугарскиот член на Европскиот парламент од партијата ВМРО БНД, Ангел Џамбаски ја предупреди Србија дека пристапувањето во ЕУ е можно...

Македонија2 дена

Нови 150 заболени и 16 починати од коронавирус во земјава

Во последните 24 часа се направени 2.093 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 62,...

Македонија2 дена

(Видео) Пристигна унгарската донација од 6.000 дози вакцини, ќе бидат наменети за граничната полиција

Министрите за внатрешни и надворешни работи Оливер Спасовски и Бујар Османи денеска на скопскиот аеродром ја пречекаа делегацијата предводена од...

Македонија2 дена

Груевски, Камчев и Мијалков обвинети за „Плацовите на Водно“, се бара продолжување на притворот за Камчев

Обвинителството бара експремиерот Никола Груевски, заедно со неговиот кум Ристо Новачевски, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, неговата...

Македонија2 дена

Хоџа: Погрешни се тезите дека ќе може сѐ и сешто да се легализира

Од Владата оценуваат дека по вчерашното усвојување на законот за утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти во законодавниот...

Свет2 дена

Погребана младата наставничка од Казањ, која со своето тело заштити дете од разулавениот убиец

Роднините, пријателите и учениците денеска ја испратија на вечно почивање Елвира Игнатиева (26), наставничка по англиски јазик, која загина во...

Досие