Контакт

Регион

Во Србија 3.572 нови случаја на коронавирус, 35 лица починаа

Објавено пред

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 3.572 нови случаја на коронавирус, а 35 лица починаа. Направени се 16.116 теста.

Во последните денови во Србија се забележува пад на бројот на нови случаи, вчера беа отворени трговските центри, а набргу учениците ќе се вратат во училиштата.

Во текот на неделата кризниот штаб треба да донесе одлука за отворање на внатрешните делови на угостителските објекти.

Сепак, многу забрани остануваат во сила, како што е забраната за собирање повеќе од пет лица.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Од денес граѓаните на Србија може да добијат ковид-пасош

Објавено пред

Од денес граѓаните на Србија имаат пристап до т.н. ковид-пасош, односно дигитален зелен сертификат – потврда за вакцинација против коронавирусот и резултатите од разни тестови на Ковид-19, објави денеска директорот на Српската национална канцеларија за ИТ-администрација, Михајло Јовановиќ.

Дигиталниот зелен сертификат е консолидиран сертификат кој докажува дека граѓаните биле вакцинирани против коронавирус или имаат резултати од тест на Ковид-19.

„Сертификатот е квалификуван сертификат со електронски печат и не може да биде фалсификуван или злоупотребен“, рече Јанковиќ.

Покрај личните податоци (име, презиме, единствен матичен број, пол и број на пасош), дигиталниот зелен сертификат содржи и податоци за вакцинацијата, бројот на примени дози и датумите на вакцинација, како и резултати од ПЦР, антиген и серолошки тест.

Постапката за преземање на овој електронски документ подразбира дека граѓаните се претходно регистрирани на порталот „е-Влада“, каде што, по проверка на личните податоци, ја оставаат својата е-адреса, на која системот по неколку минути испраќа сертификат.

Со читање на QR-кодот на дигиталниот зелен сертификат, достапни се статуси за вакцинација во две дози.

Другите два статуса се поврзани со резултатите од ПЦР и антиген-тест доколку се направени во последните 72 часа и се негативни.

Резултатот за серолошкиот тест значи дека тоа е направено во последните шест месеци за луѓе што не примиле вакцина или два месеци за вакцинирани доколку т.н. нивниот IgG-параметар е позитивен, објасни српската влада.

До вторник, 11 мај, во Србија им се дадени 3.850.413 дози од една од четирите достапни вакцини (на „Фајзер/Бионтек“, „спутник В“, на „Астра зенека“ и на „Синофарм“), а најмалку 1,67 милион граѓани примиле две дози вакцина.

Прикажи повеќе...

Регион

Избраниот привремен премиер на Бугарија сака да ја врати довербата во државните институции

Објавено пред

Новиот привремен премиер на Бугарија, Стефан Јанев, денеска изјави дека приоритет на неговата влада ќе биде да обезбеди почитување на законот и да ја врати довербата на граѓаните во државните институции.

„Искрената и одговорна владина работа барем делумно може да ја врати изгубената доверба во државните институции. Посебен акцент ставам на спроведувањето на владеењето на правото“, рече Јанев за време на церемонијата на инаугурацијата, пренесува „Ројтерс“.

Премиерот, кој пред назначувањето беше секретар за одбрана и безбедност на бугарскиот претседател Румен Радев, исто така рече дека владата ќе стори сè за да обезбеди фер избори и дека ќе биде апсолутно бескомпромисна по тоа прашање.

Претседателот Радев го назначи Јанев да го предводи кабинетот до предвремените избори во јули откога парламентот формиран по минатомесечните избори не успеа да изгласа влада.

Според извештајот на меѓународната организација „Транспаренси интернешнл“, Бугарија е меѓу најкорумпираните земји членки на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Регион

Од утре бесплатни ПЦР-тестови за туристите во Црна Гора

Објавено пред

Министерството за здравство на Црна Гора ги извести Институтот за јавно здравје и сите здравствени домови дека од утре ќе се прават бесплатни ПЦР-тестови за туристите на кои им е потребен овој тест за да се вратат во своите матични земји, соопшти владиниот оддел.

Министерството од денес ги ублажи мерките што се спроведуваат со цел да се сузбие ширењето на коронавирусот.

До 20 мај ќе важат нови либерализирани мерки, со кои ќе се укине забраната за меѓуградски сообраќај за време на викендите и полицискиот час, а терминот за изведување музика во живо во градините на угостителските објекти ќе се помести за еден час и е дозволен од 19 до 22 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

(Видео) Пристигна унгарската донација од 6.000 дози вакцини, ќе бидат наменети за граничната полиција

Министрите за внатрешни и надворешни работи Оливер Спасовски и Бујар Османи денеска на скопскиот аеродром ја пречекаа делегацијата предводена од...

Македонија46 минути

Груевски, Камчев и Мијалков обвинети за „Плацовите на Водно“, се бара продолжување на притворот за Камчев

Обвинителството бара експремиерот Никола Груевски, заедно со неговиот кум Ристо Новачевски, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, неговата...

Македонија1 час

Хоџа: Погрешни се тезите дека ќе може сѐ и сешто да се легализира

Од Владата оценуваат дека по вчерашното усвојување на законот за утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти во законодавниот...

Свет2 часа

Погребана младата наставничка од Казањ, која со своето тело заштити дете од разулавениот убиец

Роднините, пријателите и учениците денеска ја испратија на вечно почивање Елвира Игнатиева (26), наставничка по англиски јазик, која загина во...

Македонија4 часа

Царовска: Жално е што нашите ученици не се подготвени за предизвиците што ги носи новото време

Министерката за образование, Мила Царовска, смета дека реформите што треба да се спроведат во образованито не се избрзани, туку дури...

Свет5 часа

Израел по бомбардирањето: Тел Авив во урнатини, децата сами на улица

Судирите меѓу израелските и палестинските сили продолжија утрово, а по ескалацијата на насилството и крвавите конфликти, Израел прогласи вонредна состојба...

Македонија6 часа

Македонскиот војник заразен од коронавирус во Африка со посебни протоколи пренесен на Инфективната клиника

Рано утрово во земјата пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на коронавирусот и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи...

Европа6 часа

Германски виролог: Оние што нема да се вакцинираат неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирусот за една и пол година. Тоа,...

Европа7 часа

Тензиите од Блискиот Исток се префрлија во Германија, инциденти пред синагоги, запалени знамиња

Тензиите од Блискиот Исток се прелеаја во Германија, каде што се случија инциденти пред две синагоги. Во Бон синоќа неколку...

Свет8 часа

СЗО: Индискиот сој на коронавирусот откриен во 44 земји

Светската здравствена организација (СЗО) откри дека индискиот сој на коронавирусот што предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија...

Свет8 часа

(Видео) Ескалираат судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 убиени, меѓу нив и деца

Ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас. Од Тел Авив се слушаа сирени од раните утрински часови. Одекнаа и неколку експлозии....

Македонија20 часа

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија23 часа

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија24 часа

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија1 ден

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија1 ден

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија1 ден

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет1 ден

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Досие