Регион
Во Србија 3.685 новозаразени од коронавирус, 47 починати
Во последните 24 часа 13.590 лица биле тестирани на коронавирусот во Србија, од нив 3.685 биле позитивни, а починале 47 лица.
Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 330 пациенти се приклучени на апарати за дишење во болниците во Србија.
Кризниот штаб за борба против коронавирусот одлучи да ги релаксира мерките поврзани со работното време на угостителските и трговските објекти, како и услужните дејности, кои ќе може да работат до 20 часот до петок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.
Регион
Јотова почна консултации со парламентарните партии за избор на привремен премиер во Бугарија
Пред да објави кого ќе назначи за вршител на должноста премиер, претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, ќе разговара одделно со пратеничките групи во 51. состав на Националното собрание.
Консултациите започнуваат денес со првите две најголеми формации. Во 11 часот е состанок со претставници на ГЕРБ-СДФ. Во 13:30 часот, во „Дондуков“ 2, поканета е втората најголема парламентарна група „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“.
Претседателот минатата недела разговараше одделно со 10 можни кандидати за вршител на должноста премиер. Петмина потврдија дека се подготвени да предводат привремена влада: заменик-гувернерот на Бугарската народна банка Андреј Ѓуров, заменик-омбудсманот Марија Филипова, претседателот на Сметковната комора Димитар Главчев и неговите заменик-претседателки Маргарита Николова и Силвија Кадрева.
„Оние кои рекоа да, разговаравме за нив. Од моја страна беа поставени прашања – како планираат да ги надминат сите проблеми за да нема повеќе откажани избори“, рече Јотова, пренесе Факти.бг“.
Пред да ја објави својата одлука за тоа кого ќе назначи да формира привремен кабинет, таа ќе одржи и консултации со пратеничките групи:
„Изборот на следниот привремен премиер е избор на Народното собрание. Тие гласаа за овие измени на Уставот. За мене, разговорот со пратеничките групи исто така ќе биде исклучително важен“.
Разговорите започнуваат со најголемата парламентарна група. ГЕРБ-СДФ изрази надеж дека привремениот кабинет ќе биде неутрален. Деница Сачева, заменик-претседателката на пратеничката група ГЕРБ-СДФ:
„Се надевам дека г-ѓа Јотова ќе создаде апсолутно неутрална архитектура за привремената влада. ГЕРБ нема да дава никакви совети, ниту за тоа кој ќе биде привремен премиер, ниту за тоа кој ќе биде привремен министер“.
Втората средба на „Дондуков“ 2 денес е со „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“. На консултациите, тие ќе побараат од идниот привремен министер за правда да предложи нов вршител на должноста генерален обвинител. Божидар Божанов, заменик-претседател на пратеничката група на ПП-ДБ:
„Од имињата на маса, единствениот што не е поврзан со Пеевски е г-дин Ѓуров“.
Од „Вазраждане“, кои одбија да учествуваат во консултациите со претседателот, посочија кој, според нив, е погоден за привремен премиер. Петар Петров, заменик-претседател на пратеничката група „Вазраждане“: „Андреј Ѓуров е најприфатлив“.
Во наредните денови се очекуваат и средби со другите пратенички групи. По консултациите, Илијана Јотова ќе објави кого ќе назначи да формира привремена влада.

