Регион
Во Хрватска вакцинирани речиси 46.000 лица, кај 80 забележани лесни несакани ефекти

До овој викенд вакцинирани се речиси 46.000 граѓани во Хрватска, а 80 од нив имаат претежно лесни несакани ефекти, изјави Алемка Маркотиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“.
Таа потврди појава на силна алергиска реакција кај една личност и изјави дека лекарите подготвени ја пречекале и ја решиле ситуацијата.
Д-р Маркотиќ во ХТВ дневно изјави дека некои несакани ефекти, како што се треска и болка во раката, се очекуваат по втората доза на вакцинација, но дека не се регистрирани опасни несакани ефекти за време на клиничката студија или за време на вакцинацијата во земјите каде што повеќе луѓе примиле вакцина.
„Епидемиолошката слика е подобра, но треба да бидеме претпазливи при олеснување на мерките бидејќи се шири нов вид коронавирус“, рече Алемка Маркотиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Грција: Нема укинување на мерките од 1 март поради зголемениот број на заразени од Ковид-19

Грчките власти соопштија дека нема да можат да ги укинат ограничувачките мерки во пошироката област на Атина од 1 март, како што првично беше планирано, поради зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот, изјави денеска премиерот.
Воведени се строги антиепидемиски мерки во поширокото подрачје на Атина, каде што живее половина од населението во Грција, и тие треба да траат до 28 февруари, пренесува „Ројтерс“.
Властите соопштија дека 22 пациенти починале од Ковид-19 во изминатите 24 часа, а заразата со коронавирус била потврдена кај 2.147 лица, од кои околу половина живееле во пошироката област на Атина.
Регион
Земјотрес со јачина од 4,1 степен во Хрватска

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди централна Хрватска.
Потресот се случил во 10:58 часот.
Сеизмолошката служба на Република Хрватска извести за прилично силен земјотрес со епицентар недалеку од Петриња.
„Станува збор за серија последователни земјотреси, кои малку се намалија, но сè уште траат“, објасни за „Медија сервис“ сеизмологот Томислав Кук.
Регион
Хрватска: Речиси двојно повеќе новозаразени со коронавирус во споредба со претходниот ден

Во Хрватска се регистрирани речиси двојно повеќе новозаразени со коронавирус во споредба со претходниот ден.
Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, вели дека во првите три дена од оваа недела, бројот на новозаболени лица се зголемил за 30 проценти во споредба со првите три дена од претходната недела.
Според податоците на Националниот штаб за цивилна заштита во Хрватска, во последните 24 часа биле евидентирани 688 новозаразени лица, бројот на активни случаи е 2.679, додека 15 пациенти починале.
Чапак на прес-конференција рече дека Хрватска сепак е подобра од Финска и Данска според инциденцијата, додека Чешка е најлоша од сите земји на ЕУ.
Во однос на смртноста, Хрватска е сè уште на 19. место меѓу земјите на ЕУ, рече Чапак.
Според него, пријавени се скоро 1.000 сомнителни несакани ефекти од почетокот на вакцинацијата и додаде дека студиите покажуваат дека ефективноста на вакцините е доста висока по првата доза.
„Затоа, ќе препорачаме по вакцинирање со ‘Астразенека’, втората доза да се дава по 12 недели, со ‘Фајзер’ по 42 дена или шест недели“, рече Чапак.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер