Регион
Во Хрватска рекордни 2.776 нови случаи на коронавирус, починаа 18 лица
Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 2.776 нови случаи на коронавирус, објави „Јутарњи.хр“.
Починаа 18 лица. Тестирани се 9.679 лица. Има 985 пациенти на болничко лекување, од кои 71 пациент се приклучени на апарати за дишење.
Ова е нов дневен рекорд на бројот на новоинфицирани од почетокот на епидемијата во Хрватска.
Епидемиологот Бранко Колариќ за хрватските медиуми изјави дека само во Загреб има меѓу 700-800 позитивни луѓе. „Ако пресметам дека 5-10 проценти од тие 2.700 луѓе имаат потреба од хоспитализација, тоа е 150-200 луѓе. Зголемувањето трае веќе некое време”, рече Колариќ.
Тој додаде дека расте бројот на лица приклучени на апарати за дишење и на лица со сериозни клинички слики.
Главната причина зошто се воведуваат дополнителни мерки е здравствениот систем, вели Колариќ и истакнува дека се потребни четири недели за новите мерки, кога ќе бидат преземени, да дадат резултати. „Не мислам дека полицискиот час е реален“, рече Колариќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Почина 13-годишното девојче кое падна од шести кат од зграда во Мостар
Почина тринаесетгодишното девојче кое падна од балконот на шестиот кат во зграда во Мостар.
Информација за „Аваз“ ја потврдил Људевит Мариќ, портпарол на полицискиот оддел на МУП на Херцеговско-неретванскиот кантон.
Инцидентот бил пријавен во полиција во 14 часот и 30 минути, а на лице место бил спроведен увид, предводен од дежурниот кантонален обвинител на Обвинителството на Херцеговско-неретванскиот кантон.
Како што беше речено, преземени се сите потребни истражни дејствија за целосно расветлување на сите околности на овој настан.
Во моментот на падот, според „Аваз“, девојката била сама во станот, а малку порано нејзината мајка излегла да пазари во блиската продавница.
Откако дознала за несреќата, жената доживеала шок.
Регион
Тринаесетгодишно девојче паднало од шести кат од зграда во Мостар
Тринаесетгодишно девојче е во тешка состојба откако паднало од балкон на станбена зграда во Мостар.
Таа е хоспитализирана во Универзитетската клиничка болница Мостар, пренесува Klix.ba потврда од оваа здравствена установа.
Според првичните информации како што пишува медиумот тоа се наоѓа на Одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување.
Според неофицијални информации, девојката паднала од шести кат.
Засега не се познати околностите за нејзиниот пад, според написите.
Регион
Борисов ја повлекува кандидатурата за премиер
Лидерот на централно-десничарската бугарска партија ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов, ја повлече својата кандидатура за премиер на Бугарија и одлучи да го врати мандатот за формирање влада.
„Не сакам повеќе да се занимавам со оваа земја. Ќе го вратам мандатот штом го добијам“, изјави Борисов на прес-конференцијата.
Борисов ја донесе одлуката по неуспешните преговори за коалиција по парламентарните избори во октомври, на кои ГЕРБ освои најмногу гласови, но без доволно мнозинство за самостојно да формира влада.
Минатата недела Борисов и понуди на коалицијата „Продолжување на промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) поддршка за кандидатурата на Атанас Атанасов за претседател на парламентот, под услов да формираат заедничка влада со него како премиер, но тој предлог беше одбиен.
Парламентот се уште е блокиран, а пропаднаа и обидите за избор на претседател на Собранието.