Регион
Во Хрватска 70 починати и повеќе од 2.000 новозаразени

Во последните 24 часа во Хрватска се пријавени 70 смртни случаи и 2.233 новозаразени лица од коронавирус, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Бројот на активни случаи е 15.323, од кои 2.749 се хоспитализирани, а 292 од нив биле на апарати за дишење.
Од почетокот на епидемијата во Хрватска од новиот коронавирус се заразени 202.319 лица, од кои 3.464 починале, а вкупно закрепнале 183.532 лица, од кои 2.797 во последните 24 часа.
Во моментот има 48.054 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 982.850 лица, од кои 8.343 во последните 24 часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Кипар земјотрес со јачина од 5,3 степени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Кипар, а засега нема извештаи за штети.
Потресот се случил во 15:27 часот и го почувствувале жителите на облакодерите во главниот град Никозија, при што некои во паника излегле од становите.
Кипар се наоѓа на трусно подрачје, но силните земјотреси не се чести.
Најсилниот земјотрес во поновата историја на Кипар беше со јачина од 6,3 степени во 1996 година и предизвика мали штети.
Регион
Постои можност дека новиот вид коронавирус пристигнал во Косово

Триесет примероци на коронавирусот од Косово пристигнаа денес во Берлин, а резултатите од лабораторискиот тест се очекуваат за две недели. Тестовите ќе покажат дали содржат нов вид коронавирус.
Косовските инфектолози се сомневаат дека новиот вид коронавирус пристигнал на територијата на Косово, пренесува „Газета експрес“.
Специјалистот за инфективни болести, Хамди Рамадани, изјави дека Светската здравствена организација објави оти новиот вид се проширил во 60 земји и дека поминала речиси една година од првиот случај на корона во Косово, па не е исклучено да се појави мутирана форма на вирусот.
Според него, оваа нова форма на мутација може да биде иста како онаа во Британија, но може да биде и друга форма на вирус.
Директорот на одделот за микробиологија, Џеват Јакупи, рече дека во Косово нема лабораториски услови за откривање нов вид коронавирус, па затоа повеќе примероци ќе бидат испратени во Берлин следниот месец.
Регион
Во Србија помалку од 1.700 новозаразени од коронавирус, 20 починати

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 10.240 лица на коронавирусот, од кои 1.648 биле позитивни, а починале 20 лица.
Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, во болниците во Србија има 166 пациенти на апарати за дишење.
Досегашните корона-рекорди се: најмногу позитивни за еден ден – 7.999, најмногу луѓе на апарати за дишење – 353, најмногу тестирани – 22.837 и најмногу починати – 69.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот