Регион
Во Хрватска 72 новозаразени со коронавирус, 20 починати
Во последните 24 часа во Хрватска починаа 20 заболени од коронавирус и регистрирани се 72 нови случаи на заразени со коронавирус. Извршени се 2.242 тестирања, според Штабот за цивилна заштита.
Пријавено е закрепнување на 312 пациенти.
Во моментов има 2.111 активни случаи на заразени со коронавирус, меѓу кои 792 се хоспитализирани, од кои 68 се приклучени на респиратор.
Во самоизолација има 11.267 лица.
До денес се тестирани вкупно 1.306.694 лица, од кои 240.017 биле заразени, 232.457 пациенти закрепнале, а 5.449 починале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Четири деца се пронајдени без свест во спалните соби, едното починало од труење со гас: трагедија во Грција
Едно дете почина, а три се во тешка состојба по истекување на гас во семејна куќа во Ксанти, Грција.
Според медиумите, 16-годишно момче го загубило животот, две од неговите сестри биле интубирани, додека третата сестра исто така е во тешка состојба.
Децата утрово биле пронајдени во куќата без свест. Според медиумите, родителите спиеле во горната соба, додека децата биле на приземје. Кога утрово мајката се симнала, забележала дека ниту едно од децата не се движи и веднаш повикала брза помош.
Не многу долго откако сите биле префрлени во болница, лекарите можеле само да констатираат смрт на момчето. Неговите три сестри на возраст од 15, 18 и 20 години се во исклучително тешка состојба, според написите.
Во болница се хоспитализирани и таткото и мајката, но според грчките медиуми не биле забележани здравствени проблеми.
На трагедијата наводно им претходело поставување на резервоар за плин од надворешната страна на куќата. Се уште не е познато како дошло до истекувањето на гасот.
Регион
Вучиќ: Ќе продолжиме да се вооружуваме за да не се повтори ниту 1995, ниту 1999 година
„Ние не ја гледаме Хрватска како непријател, но сериозно се вооружуваме и ќе продолжиме да го правиме тоа за да не се повторат 1995 и 1999 година“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Согласно промената на доктрината на српската армија, ние мора да бидеме посилни од значаен дел од нашите соседи заедно“, изјави Вучиќ на ТВ Пинк.
Посочувајќи дека армијата „силно, брзо, ефикасно и сериозно“ се вооружува, Вучиќ рече дека тоа ќе продолжи за „да не се повтори ниту 1995, ниту 1999 или многу други години“.
„Нема да нападнеме никого, но никој да не помисли повторно да изврши агресија врз нашата земја“, рече Вучиќ.
Вучиќ признава дека Хрватска е поразвиена земја, но тврди дека Србија расте многу побрзо од нејзиниот западен сосед и дека оваа разлика се намалува.
Регион
Драма во Зеница: маж осуден за воени злосторства дошол во полициска станица и се заканувал со бомба
Голема драма се одвивала утрово во Зеница кога маж извадил рачна бомба откога се дознало дека е осуден за воени злосторства.
Според медиумите, Д. Х. (56) од Зеница престојувал околу осум часа во просториите на полициската станица за да ги оствари своите права.
„Од извршените проверки е утврдено дека тој се бара од страна на Општинскиот суд Зеница за издржување затворска казна бидејќи е осуден за воено злосторство“, изјави Самир Валентиќ, портпарол на МВР.
При обидот за апсење извадил рачна бомба и им се заканувал на полицајците.
„Потоа се оддалечил од просториите на полициската станица. Со брза интервенција на полициски службеници бил лоциран, лишен од слобода и спроведен во службени простории. За ова била известена и судската полиција. Лицето ќе биде предадено во полиција, која ќе го одведе на издржување на казната. Делата што ги извршил утрово ќе бидат документирани од полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција“, додаде Валентиќ.