Регион
„Време е за радикални потези, испратете ја војската на границата со Србија“, порачаа хрватски политичари

Хрватска смета дека е време да се преземат радикални мерки за заштита на хрватските граници и безбедноста на граѓаните поради големиот прилив на илегални мигранти.
Клубот на пратениците на хрватските суверенисти вчера објави дека со оглед на зголемениот прилив на илегални мигранти во Хрватска, што резултира со сè почести инциденти, крајно време е да се преземат радикални чекори за заштита на хрватските граници, како и безбедноста на хрватските граѓани во погранични области.
Во врска со последниот инцидент со илегалните мигранти, кога наводно се слушале истрели врз хрватската полиција на границата со Босна и Херцеговина, од оваа пратеничка група велат дека ова само покажува дека без радикални мерки проблемот со илегалните мигранти нема да се реши или барем да се намали.
Хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, вчера соопшти дека се води кривична истрага за околностите на пукањето од територијата на Босна и Херцеговина.
Карловачката полиција претходно соопшти дека полицајците, кои спречиле група илегални мигранти да влезат во Хрватска, биле сведоци на истрели од огнено оружје на пограничната област во градот Корански Луг кај Раковица.
Од страната на БиХ, пак, немаше такви информации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Хорор во Србија: ловџии пронајдоа обезглавено тело

Во близина на хиподормот во Велика Плана, група ловџии денеска пронајдоа труп во напредна фаза на распаѓање, јавуваат српските медиуми.
Причината за смртта се уште не е позната. Се работи за засега неидентификувано лице.
Трупот на мажот бил обезглавен.
Телото и главата се на исто место.
Се работи за засега неидентификувано лице. Исто така, се верува дека телото било тука некое време.
Регион
Пронајдено девојчето од Бeлград, потврди мајката

Пронајдена е Сара Петровиќ (17) од Борча, Белград која исчезна вчера околу 13 часот, и последен пат била видена во близина на ресторанот „Франш“ јавуваат српските медиуми. Веста дека е пронајдена за српски „Телеграф“ ја потврдила нејзината мајка.
– Да, пронајдена е, но не знаеме каде била. Работиме да дознаеме – изјави мајката за српскиот медиум.
Регион
Вучиќ: Од 94 милиони евра за гасоводот Србија-Бугарија, 50 милиони се подарок од Европската Унија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека од 94 милиони евра колку што чинат изградбата на гасоводот Србија-Бугарија, односно интерконектор до бугарската граница, речиси 50 милиони евра се подарок од Европската Унија, а уште 25 отсто се најповолните кредити од Европската инвестициска банка.
Вучиќ изјави дека остатокот, околу 20 милиони евра, се финансирани од буџетот на републиката.
Како што истакна, поврзувањето преку интерконекторот со Бугарија ќе обезбеди дополнителен гас за Србија, а преку него ќе може да се закупи и дел од азербејџанскиот гас, како и гасот од Александрополис.
„Ќе има поголема можност за добивање гас од територијата на Бугарија, Грција и други земји. Ова ќе овозможи сигурност во снабдувањето и подобри цени“, рече Вучиќ.
Тој најави дека утре, по пуштањето во употреба на гасниот интерконектор Србија-Бугарија, ќе има демонстрација на можностите на падобранот и специјалните единици, на која ќе присуствуваат и претставници од Бугарија и Азербејџан.