Македонија
Вучиќ ги посети повредените од пожарот во дискотеката од Македонија: Ќе биде добро, лекарите велат да не се грижите
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги посети повредените во пожарот од дискотеката во Северна Македонија кои се на лекување во Клиничкиот центар на Србија.
„Ќе биде добро. Лекарите велат да не се грижите“, му кажа претседателот на еден од повредените, кој лежи во болнички кревет покриен со завои.
– Ви благодарам, тие се одлични лекари – одгови младиот пациент.
„Само држете се, ви посакувам се најдобро, не плачете, ќе бидете добро“, и рече претседателот на девојка додавајќи дека состојбата е донекаде сериозна, но нејзиниот живот не е во опасност.
„Имав можност да ги посетам луѓето кои беа повредени во страшната трагедија во Македонија. Тука лежат 9, во КЦС“, забележа тој на почетокот.
– Степенот на изгореници се движи од 4 проценти до многу повисоко ниво, за да не се исплашат семејствата. Најголем проблем за неколку пациенти се повредите на белите дробови. Но, тука. Невозможно е да се најдат подобри услови некаде во Европа. „Ќе ни дојдат уште 12 пациенти, со што вкупниот број ќе се искачи на 29“, нагласи Вучиќ.
„Уште еднаш изразувам сочувство до братскиот македонски народ“, рече тој.
Слушнавте, потсети претседателот, млад човек на триесет години кој рече „само да можам ова да го преживеам“.
Во Србија синоќа пристигнале 17 повредени, а се очекува да пристигнат уште 12.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

