Регион
Вучиќ: Една голема европска земја се заканува дa им извеземе брашно
Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за српските медиуми ги повтори теориите за „вовлекување на Србија во стапица“ поради војната во Украина.
„Мислам дека руската и кинеската страна разбираат сè, но ќе биде тешко за нас, ќе биде тешко за Србите, за Косово и Метохија“, рече Вучиќ.
„Хрватите велат дека провоцираме во БиХ. А што точно направивме, освен што молчевме на секој чекор?“, се праша Вучиќ.
„За многумина беше неочекувано што Србија се развива побрзо од Хрватска, така што денес БДП на овие две земји е еднаков“, додаде српскиот претседател.
„Верувам дека првпат ќе бидеме пред нив, логично е да не се задоволни, но не и да ја обвинуваат Србија за разни кампањи“, рече Вучиќ.
„Сакаме мир и стабилност и размислуваме за последиците од одлуката ден потоа. Јас сум секогаш тука за Србите од Косово, тоа не е проблем, но тешко е понекогаш да се остане ладен“, додаде тој.
„Обврска е да им се помогне на луѓето, но не е лесно да се слушаат провокации и ултиматуми. Весниците во Приштина и Загреб – нема разлика меѓу нив. Истото важи и за сараевските медиуми. Србија никогаш нема да биде мала и слаба“, рече Вучиќ.
„Јас сум метафора за сета нивна омраза кон Србија и српскиот народ, што оди дотаму што ги коментираат моите изборни видеа“, се пожалил српскиот претседател.
„Тоа зборува за нивната опседнатост со Србија и колку би сакале оние кои се срамеле од жртвите на Јасеновац, Бура и оние кои се обиделе никогаш никому да не замеруваат да се вратат на власт во Србија“, рече Вучиќ.
На прашањето за санкциите кон Русија и тврдењата дека одлуката на Србија не е морална, Вучиќ одговори со контрапрашање: „На кого Србија изврши агресија во 1999 година“.
„Зошто не влезете во Украина толку морални за да ја заштитите? Зошто не ја нападнете Русија? Моралот е важен, но не можете да се држите до него еден ден, а не следниот ден. Верувам дека луѓето од ЕУ се попаметни од мене, посилни, поголеми и подобри од нас. Наша работа е да слушаме и да гледаме што ни кажуваат“, рече Вучиќ.
„Се надевам на решение за нафтата, ако не е од Русија, ќе мора да бараме друг излез“, додаде тој.
„Многу луѓе се смеат како да зборуваме глупости, а мал број луѓе се вклучени во обезбедувањето храна и се. Одговорните луѓе знаат што е криза на работа. Ние трошиме огромни количини гас, се бориме секојдневно , и се е во ред затоа што се снаоѓаме“, вели Вучиќ.
„Кога политичарите од ЕУ зборуваат за храна, треба да бидеме свесни дека имаме голем проблем. Актуелна е борбата за суровини, а во случај на поголем хаос се поставува прашањето за увоз на нафта во Србија“, додаде Вучиќ.
„Ние немаме проблем со пченица, пченка и масло. Луѓето од соседните земји доаѓаат кај нас, се пакуваат во автомобили и носат. Многумина користат трикови за да ни ја добијат нафтата, една голема европска земја ни се заканува да им извеземе брашно. Велат-кажете му на Вучиќ дека ‘до вечерва треба да нè извести’. А ние им кажуваме дека немаме време да се занимаваме и им одговараме за седум дена”, тврди Вучиќ.
На прашањето дали ќе има конфликт и зошто делува песимист, Вучиќ рече дека тоа е само реално.
„Кога по долг разговор со светските лидери ќе нè прашаат дали сакаме мир по цена да изгубиме некој интерес, а тоа никој не го сака, јасно е дека ништо не може да се знае во суштина“, рече Вучиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ лут на граѓаните: „Отидоа да се сончаат во Дубаи и не ме слушаа што зборував“
Првиот авион со патници од Дубаи слета во Белград рано утрово, а вториот се очекува во текот на ноќта. Српскиот претседател Александар Вучиќ е лут на граѓаните кои, како што вели, не го послушале, иако немало официјално државно предупредување против патување на Блискиот Исток, пишува N1 Белград.
„Сите оние кои се сончаа во Дубаи и не ме слушаа што зборував сега ќе ги бараат виновниците во нас, кои им помагаат да се извлечат од сето ова“, рече српскиот претседател.
Првото враќање од Емиратите до Србија беше успешно, иако летот беше одложен за неколку часа и помина подолг пат преку Оман. Патниците ја опишуваат хаотичната ситуација.
„Никој не не контактираше. Неколку пати се јавив во амбасадата, но немаа информации. Бевме сами“, рече еден од патниците. Други додадоа: „Не излеговме ниту се движевме многу. Амбасадорот не посети и тоа беше тоа.“
Еден патник рече: „Беше хаотично и воопшто не беше безопасно. Никој не ни зборуваше, но ниту ние не го очекувавме тоа. Сè решивме во лет.“ Сите се согласуваат за едно: „Секој може да каже што сака, но ситуацијата не беше безопасна.“
Дека ситуацијата не беше безопасна потврдуваат и експертите кои го следеа летот. „Безбедносните услови за тој лет не беа добри. Само 25 минути по полетувањето, целиот воздушен простор на Емиратите беше затворен бидејќи Министерството за одбрана објави дека бараж од балистички ракети се движи кон Емиратите“, вели Петар Војиновиќ од порталот „Танго Сикс“.
Ситуацијата на терен е непредвидлива, но оние што живеат и работат во Емиратите ја доживуваат поинаку од туристите.
„Градилиштето работи, има повеќе сообраќај на улиците, трговските центри се отворени, Бурџ Калифа не е евакуирана. Фала му на Бога, сè е нормално“, вели агентот за недвижности Милан Станиќ.
ИТ експертот Милан Шариќ размислува слично: „Жал ми е за туристите, нивната ситуација е поинаква. Тие се на аеродромот, слушаат звуци, не ѝ веруваат на владата тука, а за нив сè е различно“.
фото/Depositphotos
Регион
Хрватска испраќа четири авиони за Хрватите заглавени во Дубаи
Хрватска испраќа четири авиони на „Кроација ерлајнс“ во Дубаи за да ги врати хрватските граѓани заглавени во Обединетите Арапски Емирати поради војната меѓу САД и Израел против Иран, објави Министерството за надворешни и европски работи (MVEP).
„Утре и во наредните денови испраќаме четири авиони на „Кроација ерлајнс“, со можни дополнителни опции“, се вели во соопштението.
Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман се договори со министерот за надворешни работи на ОАЕ, Абдула бин Зајед Ал Нахјан, за два авиони од локална авиокомпанија што ќе ги транспортираат хрватските граѓани од Дубаи, рече Зрињевац.
Во Обединетите Арапски Емирати моментално има околу 2.000 хрватски граѓани кои живеат таму, од кои 300 сакаат да бидат репатрирани, а има и 460 туристи кои, исто така, сакаат да се вратат во својата татковина.
Досега, хрватски државјани се евакуирани од Израел, Јордан и Бахреин. „Успеавме да ги евакуираме сите хрватски државјани од Израел, Јордан и Бахреин, а наскоро и аџиите од Израел, кои се на лет преку Лион на пат кон Загреб, ќе пристигнат дома“, соопшти министерството.
Од Оман, каде што имаше 23 хрватски државјани, 12 беа евакуирани со лет преку Истанбул до Загреб. Останатите 11 имаат можност да одат во Дубаи, изјави претходно Грлиќ Радман.
Хрватската амбасада во Доха, исто така, обезбеди 30 места на летот на австриската компанија од Ријад во четврток, па затоа министерството ги повикува заинтересираните што е можно поскоро да се регистрираат за тој лет, на кој приоритет ќе им се даде на децата, болните лица, бремените жени и членовите на нивните семејства.
фото/Depositphotos
Регион
Српските патници кои беа евакуирани од Дубаи: „Ни рекоа за 15 минути да се спакуваме“
Авион на „Флај Дубаи“ од Обединетите Арапски Емирати со 200 државјани на Србија слета утрово во Белград. Тоа е првиот лет кон Србија по прекинот на летовите поради тензиите на Блискиот Исток.
Како што пренесе РТС, една патничка која утрово слетала во Белград патувала од Кенија преку Дубаи. Таа изјавила дека околу три часа ги „држеле горе на небото“, по што слетале.
Двојка од Бачка Паланка допатувала од Малдивите.
„Слетавме во Дубаи и патувањето требаше да продолжи понатаму. Авионот полета, кружеше некое време и повторно се врати на аеродромот во Дубаи од безбедносни причини. Во меѓувреме се случи тоа што се случи со Иран“, изјавиле патниците за РТС.
На прашањето дали почувствувале страв, тие одговориле дека не.
„Не, бевме сместени во еден хотел кој е на околу 20 километри од центарот на градот, така што слушнавме некои детонации, но не се плашевме, имавме прекрасна група“, велат тие.
„Прво се јавивме во нашата амбасада, која направи список на патници што се најдоа на аеродромот во Дубаи, дури и амбасадорот нè посети во хотелот и му благодариме за тоа. Имавме идеални услови во хотелот и чекавме да нè известат за враќањето, а буквално ни беше кажано за 15 минути да се спакуваме“, навеле патниците.

