Регион
Вучиќ: Запирањето на сообраќајот на железничките станици и патишта е терор врз мнозинството
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека блокадата на железницата и патиштата на протестот во Белград поради плановите за ископ на литиум е исмејување на демократијата.
Оцени дека протестот се одвивал во демократска атмосфера, но по неговото завршување се случило она што го очекувале.
„Затоа што кога се заканувате секој ден, се случува насилството да преовладува“, истакна Вучиќ во своето обраќање, пренесе „Радио Слободна Европа“ (РСЕ).
Додаде дека запирањето на сообраќајот на железничките станици и патишта е спроведување на насилството, волјата и теророт на малцинството врз мнозинството.
Според него дека блокадите и протестите не се решение, туку разговор, додавајќи дека на разговор повикал и претставници на опозицијата, но тие не дошле.
Вучиќ рече и дека ќе разговара со народот за стравот од ископ на литиум и со оние кои мислат поинаку.
„Ќе одам да разговарам со народот. Ќе одам и во Лозница, Крупањ, Мали Зворник, Милановац, Чачак и Ваљево“, рече Вучиќ.
Како што додаде, сака да разговара со народот за распишување референдум за литиумот, без разлика дали се работи за референдум во целата држава или на територијата на градот Лозница.
Полицијата во неделата околу 5:30 часот ги разбрка учесниците на протестот против ископувањето на литиум од железничките станици „Белград центар – Прокоп“ и „Нови Београд“.
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека полицијата интервенирала без употреба на присилни средства и дека нема повредени.
„Приведени се вкупно 14 лица поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела, три поради сомнение за сторени прекршоци и две лица кои се странски државјани поради присуство на протестот во близина на најважните државни институции“ изјави Дачиќ.
Како што подвлече, полицијата работи на идентификација на други лица.
Илјадници граѓани се собраа во саботата во центарот на Белград на покана на Алијансата на еколошките организации на Србија, откако владата не го исполни нивното барање да донесе закон во рок од 40 дена со кој се забранува ископ на литиум и отворање рудници од страна на компанијата „Рио Тинто“ во долината на реката Јадар на запад од државата.
Учесниците на протестот против ископ на литиум во Белград блокираа две железнички станици во главниот град на Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени
Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.
„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.
Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.
„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.
Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.
Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.
фото/ЕПА
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.

