Регион
Вучиќ за палењето на српското знаме во Тирана: Албанската држава реагира сериозно и одговорно

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во врска со обидот за палење на српското знаме во Тирана изјави дека секогаш е недозволиво да се сквернават туѓи симболи, но дека албанската држава реагирала навремено, сериозно и одговорно, пренесуваат медиумите во регионот.
„Во некои земји секогаш е слично, но секако недозволиво е да се сквернават туѓи симболи и мислам дека албанската држава реагира навремено, сериозно и одговорно, како и самиот премиер Рама“, рече Вучиќ.
Тој зборуваше пред продолжувањето на самитот во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, што ја почнаа лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија.
Албанскиот премиер, Еди Рама, реагира на обидот за палење на српското знаме на вчерашниот протест во Тирана нагласувајќи дека за време на неговата посета на Белград на плоштадите имало албански знамиња и дека полицијата ги уапсила тие што ги запалиле.
Албанските медиуми објавија дека група демонстранти го запалиле српското знаме. Тие известија дека имало уште неколку обиди за отстранување на српските знамиња закачени во Тирана во знак на добредојде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Зад нас е тежок ден, се надевам дека по некое чудо ќе дојдеме до компромисно решение

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва од Брисел, каде што учествуваше на разговорите меѓу Белград и Приштина, изјави дека ова е тежок ден за Србија и истакна дека ќе продолжи да се бори за мир и стабилност.
„Тешкиот ден е зад нас, тоа беше тежок ден за сите граѓани и за целата држава, не можам да кажам дека заврши успешно, но се воздржувам од други коментари бидејќи се надевам дека е можно по некое чудо да стигнеме компромисно решение.Затоа ќе продолжам да се борам за мир и стабилност“ – објави Вучиќ во видео обраќањето на Инстаграм.
Тој најави дека ќе им се обрати на граѓаните во следните 48 часа.
„Едвај чекам да се вратам во Србија!“ – напиша претседателот, пренесува „Танјуг“.
Регион
(Видео) Силно невреме во Љубљана, ветер со над 100 км/ч

Љубљана попладнето ја зафати силен бурен ветер. Налетите на ветрот надминаа 100 километри на час, однесени се неколку покриви и паднаа многу дрвја низ градот, а има и полесно повредени. Ветрот урна и дел од градежното скеле во центарот на главниот град, а низ воздухот летаа парчиња градежен материјал.
Околу 15 часот кон Словенија дошло невреме од северниот дел на Јадранот. Околу 14:30 часот Љубљана ја зафатил силен ветер, а потоа бурата се префрлила кон Австрија, јавуваат тамошните медиуми.
Според податоците на Агенцијата за заштита на животната средина (Арсо), ветерот достигнал брзина од 102 километри на час, што е нов рекорд.
V Kranju je nevihtni veter odnesel streho večstanovanjske stavbe. Več ????https://t.co/V7DE8tcr6N
????BOBO pic.twitter.com/VNZTgZvNC8
— N1 Slovenija (@n1slovenija) August 18, 2022
Денешното невреме траело кратко и немало многу врнежи.
Од Љубљанската противпожарна бригада информираат за 114 интервенции, но ситуацијата се менувала од минута во минута.
Регион
Гренел: Курти ја отфрли секоја идеја што ја предложија САД

Поранешниот американски претставник за дијалог меѓу Белград и Приштина – Ричард Гренел потсети дека Албин Курти ја отфрлiл секоја идеја предложена од Соединетите Американски Држави.
„Да ве потсетам, Курти ја отфрли секоја идеја предложена на Косово од американските претседатели. И демократска и републиканска“ – напиша Гренел на Твитер.
„Тоа едноставно е факт“ – додаде тој.
Reminder, @albinkurti has rejected every idea that U.S. Presidents have given Kosovo.
Both Democrat & Republican Presidents.
This is just a fact.
— Richard Grenell (@RichardGrenell) August 18, 2022