Регион
Вучиќ: За 72 часа Србија ќе биде втора во Европа и петта во светот според стапката на вакцинација
Србија во моментов е четврта во Европа според стапката на вакцинација, верувам дека во следните 72 часа ќе бидеме втори во Европа, а во исто време ќе можеме да достигнеме дури петто место според стапката на вакцинација во светот, изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ.
„ Пред нас се Велика Британија, Малта и Данска. Верувам дека за 48 часа, односно 72 часа, ќе ги претекнеме 2 и 3 и дека ќе бидеме втори. Верувам дека можеме да бидеме 5-то место во светот, сега сме на 9. Јас им честитам на граѓаните на Србија и на фактот дека се искачивме високо однос на економијата и заштитата на здравјето на нашите граѓани“ реч Вучиќ.
„ И денес имаме над 42.000 лица кои се вакцинирани. Речиси е невозможно да се набави вакцина. Потпишавме договор и добивме помалку вакцини, сè што добивме беше заради нашата снаодливост и затоа што се подготвивме однапред“ додаде Вучиќ.
Тој истакна дека имаат зачувани вакцини за ревакцинација и дека доколку ова темпо продолжи, вакцини „ имаме за уште седум, осум дена“.
„ Сите оние кои примиле или ќе примат, имаме зачувана вакцина за ревакцинација. Сигурен сум дека ќе обезбедиме уште една количина вакцини, една доза од 100.000 вакцини. Не можам да ви кажам ништо повеќе сега. Ќе продолжиме со тоа, се бориме со сè, чекаме одговор од Русија, проблемот е заради нив, тие имаа проблем во некои фабрики. Ќе го повикам и кинескиот премиер ако е потребно …“ нагласи Вучиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Почина 13-годишното девојче кое падна од шести кат од зграда во Мостар
Почина тринаесетгодишното девојче кое падна од балконот на шестиот кат во зграда во Мостар.
Информација за „Аваз“ ја потврдил Људевит Мариќ, портпарол на полицискиот оддел на МУП на Херцеговско-неретванскиот кантон.
Инцидентот бил пријавен во полиција во 14 часот и 30 минути, а на лице место бил спроведен увид, предводен од дежурниот кантонален обвинител на Обвинителството на Херцеговско-неретванскиот кантон.
Како што беше речено, преземени се сите потребни истражни дејствија за целосно расветлување на сите околности на овој настан.
Во моментот на падот, според „Аваз“, девојката била сама во станот, а малку порано нејзината мајка излегла да пазари во блиската продавница.
Откако дознала за несреќата, жената доживеала шок.
Регион
Тринаесетгодишно девојче паднало од шести кат од зграда во Мостар
Тринаесетгодишно девојче е во тешка состојба откако паднало од балкон на станбена зграда во Мостар.
Таа е хоспитализирана во Универзитетската клиничка болница Мостар, пренесува Klix.ba потврда од оваа здравствена установа.
Според првичните информации како што пишува медиумот тоа се наоѓа на Одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување.
Според неофицијални информации, девојката паднала од шести кат.
Засега не се познати околностите за нејзиниот пад, според написите.
Регион
Борисов ја повлекува кандидатурата за премиер
Лидерот на централно-десничарската бугарска партија ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов, ја повлече својата кандидатура за премиер на Бугарија и одлучи да го врати мандатот за формирање влада.
„Не сакам повеќе да се занимавам со оваа земја. Ќе го вратам мандатот штом го добијам“, изјави Борисов на прес-конференцијата.
Борисов ја донесе одлуката по неуспешните преговори за коалиција по парламентарните избори во октомври, на кои ГЕРБ освои најмногу гласови, но без доволно мнозинство за самостојно да формира влада.
Минатата недела Борисов и понуди на коалицијата „Продолжување на промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) поддршка за кандидатурата на Атанас Атанасов за претседател на парламентот, под услов да формираат заедничка влада со него како премиер, но тој предлог беше одбиен.
Парламентот се уште е блокиран, а пропаднаа и обидите за избор на претседател на Собранието.