Контакт

Регион

Вучиќ нема да оди во Црна Гора за Бадник: „Не сакам да давам причина за судири“

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја откажа посетата за Бадник во Црна Гора, бидејќи, како што рече, не сака да му дава алиби на црногорскиот режим дека тоа е напад на независноста и уставниот поредок на земјата.

„Јасно ви е дека во Црна Гора за Бадник нема да одам, иако таа посета ја подготвувавме“, кажа престедателот на Србија по утринската средба со патријархот на СПЦ, Иринеј и додаде дека не сака да даде причина за судири.

 

„Постојат многу кои ќе кажат дека нема потреба српскиот народ да се издвојува од останатите, дека не мора да пишува дека се од српска националност. Сметав дека треба да го зачуваме опстаникот на српскиот народ во Црна Гора, и на жестоката кампања за асимилација на Србите да одговориме со пристојност“, рече Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.

 

Регион

Авион принудно слета во Дубровник, патник починал од инфаркт

Објавено пред

Патнички авион што леташе од Дизелдорф кон египетскиот град Марса Алам принудно слета во Дубровник, бидејќи еден од патниците претрпел срцев удар, јавуваат хрватските медиуми.

Според информациите, патникот починал во авионот.

Информацијата за итното слетување на авионот ја потврдил директорот на аеродромот во Дубровник, Франо Луетиќ.

По принудното слетување, по патниците дошол друг авион за да ги одведе во Египет.

Прикажи повеќе...

Регион

Колинда се премисли, бара канцеларија и по мандатот

Објавено пред

Хрватската претседателка во заминување, Колинда Грабар-Китаровиќ, се премислила и се откажа од намерата да не бара на располагање канцеларија што ќе ја користи по истекот на мандатот на 18 февруари, пренесува „Индекс“.

Хрватскиот портал потсетува дека Грабар-Китаровиќ го почна својот мандат со ветување дека ќе го премести претседателскот кабинет од Пантовчак заради заштеда, а го завршува со најава дека ќе бара канцеларија што ќе ја користи по истекот на мандатот затоа што, како што изјавила за „Нова ТВ“, сака да продолжи да работи на брендирањето на Хрватска и дека за тоа ѝ треба база.

Таа посочила дека не може да седи негде и да не работи ништо, истовремено тврдејќи дека својот наследник Зоран Миланивиќ ниту ќе го критикува, ниту ќе го фали, ниту ќе ја коментира неговата работа.

Според важечките прописи, Грабар-Китаровиќ има право шест месеци да добива надомест во висина на платата, која изнесува 24.376,20 куни (3.276 евра) нето, а потоа уште шест месеци 50 отсто од таа плата.

Како поранешен претседател има пет години право на канцеларија, на двајца државни службеници, личен возач и службено возило, а правото на физичка заштита ќе го има трајно.

Прикажи повеќе...

Регион

Расте бројот на заболени и починати од грип во Грција

Објавено пред

Во Грција е регистриран пораст на бројот на тешки случаи на заболени и починати од грип. Според Националната организација за јавно здравство, од октомври до минатата недела биле пријавени 59 случаи на грип, од кои 50 се лекувани на одделенито за интензивна нега.

Само минатата недела 27 од 50 случаи се примени на интензивна нега.

Како што се наведува, 42,4 процента од пациентите во одделението на интензивна нега се разболеле иако биле благовремено вакцинирани против грип.

Во Грција вкупно се пријавени 13 смртни случаи од компликации на оваа болест, од кои седум биле на одделението на интензивна нега.

Исто така, зголемен е бројот на посети на лекари на пациенти со симптоми на грип.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Нова жртва на иста измама – ѝ рекле да даде пари или синот ќе лежи во затвор поради сообраќајка

„Син ти направи сообраќајна несреќа во која загина дете. Да ни дадеш пари и ќе средиме тој да не лежи...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Ќе продолжиме со разговорите за законот за Јавното обвинителство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања денеска кажа дека ќе продолжат со разговорите за законот за Јавното...

Македонија5 часа

Дескоска: Жалам што ВМРО-ДПМНЕ избега од разговорите за законот за Јавното обвинителство

Министерката за правда, Рената Дескоска на социјалните мрежи напиша дека жали што преговарачката тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното...

Топ6 часа

Возило прегази 10-годишно дете на булевар во Скопје

Синоќа на булеварот „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ патничко моторно возило управувано од 32-годишниот Д.Д. од Скопје удри во дете пешак на...

Свет7 часа

(Видео) Вознемирувачки снимки по земјотресот во Турција, луѓето панично бегаат на улиците

Бројот на загинати во силниот земјотрес што ја погоди Турција порасна на 21 лице, а над 900 се повредени. Земјотресот...

Свет7 часа

Проширен регионот што е во карантин во Кина, пријавени нови 15 смртни случаи поради вирусот

Дополнителни 15 смртни случаи се пријавени во кинеската провинција Хубеи, со што бројот на починати од новиот коронавирус се зголеми...

Свет8 часа

Австралија и Малезија потврдија први случаи на заразени со коронавирусот

Австралија и Малезија ги потврдија првите случаи на новиот коронавирус на нивната територија, додека од Кина стигна информација дека досега...

Европа8 часа

Во Франција потврден трет случај на новиот корона вирус

Во Франција е потврден трет случај на новиот смртоносен корона вирус, што се први пријавени случаи од ова заболување на...

Македонија8 часа

Пендаровски и Спасовски со сочувство до турскиот народ поради земјотресот

Претседателот Стево Пендаровски и техничкиот премиер, Оливер Спасовски, преку социјалните мрежи изразија сочувство до турскиот народ поради силниот земјотрес во...

Свет8 часа

(Видео) Во земјотресот во Турција загинаа 20, повредени се 920 лица

Бројот на загинати од силниот земјотрес што вчера го погоди источниот дел на Турција се искачи на 20, со 920...

Македонија19 часа

(Видео) Пендаровски: Посетата на Шарл Мишел уверува дека имаме силна поддршка на европскиот пат

Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој престојува во работна посета на земјава. На...

Македонија23 часа

(Видео) Дескоска: ВМРО-ДПМНЕ го користи Јовески како лошо алиби за напуштање на преговорите

ВМРО-ДПМНЕ очекувано ја напушти средбата, по вчерашната изјава на Христијан Мицкоски, кој кажа дека има забелешки и од сите 9...

Македонија23 часа

Еден месец притвор за заканувачот Емил Јакимовски

Кривичниот суд му го продолжи притворот на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар, за закани упатени кон новинарката Мери...

Македонија24 часа

(Видео) Милошoски: Не преговараме за законот за Јавно обвинителство без присуство на Јовески

ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија средбата на работните групи за законот за Јавно обвинителство во Собранието, откако министерката за правда, Рената Десковска,...

Македонија1 ден

(Видео) Дебата: Како во законот освен производителите, корист да имаат и консументите на канабисот

Пациентите на кои им е потребно маслото од канабис се сосема заборавени во предлог-законот за опојни дроги и психотропни супстанции,...

Македонија1 ден

Заев: ВМРО-ДПМНЕ да го прифати законот за Јавното обвинителство и да се надмине себе си

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, побара од ВМРО-ДПМНЕ да се надминат себе си и да го прифатат законското решение за...

Македонија1 ден

Поповска: Во институциите има луѓе заинтересирани за бизнис со отпад, увозот не се врши контролирано

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Попвска, која е една од иницијаторите на законот за забрана за увоз на отпад, рече дека...

Македонија1 ден

УХМР објави оглас за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди

Управата за хидрометеоролошки работи го објави јавниот оглас „Услуги за модификација на време со авионско засејување“. Се работи за нов...

Свет1 ден

Словачки министер пијан демолирал кинески ресторан, најави оставка

Словачкиот министер за животна средина објави дека поднесува оставка кога наводно пијан со својот брат учествувал во демолирање кинески ресторан...

Свет1 ден

Вухан гради болница за заболените, планира да ја заврши за 5 дена

Градот Вухан, кој е жариште на новиот корона вирус, забрзано гради болница со 1.000 кревети за лекување на заразените пациенти....

Досие