Регион
Вучиќ: Односите на Србија и Русија најдобри во историјата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска дека официјален Белград е горд на односите меѓу Србија и Руската Федерација кои според негова оценка се најдобри во модерната историја.
Претседателот Вучиќ денес имаше средба со претседателот на Државната Дума на Руската Федерација, Вјачеслав Володин, со кого разговараше за односите меѓу двете земји.
Ваквата изјава дојде откако лондонски „Гардијан“ објави текст во кој се тврди дека Русија наголемо се мешала последните десет години во регионот и во Македонија и дека една од шпионските бази и била стационирана во Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Пукање во кафана во Нови Сад, застрелан е млад човек

Пукање се случило во кафана во Нови Сад, јавуваат српските медиуми.
Според информациите, настанот бил 2 часа по полноќ, а на пукањето му претходела расправија.
„Нешто после 02:00 часот дошло до пукање во кафана на патот Футошка во Нови Сад. Според неофицијални информации, на пукањето и претходела расправија и тепачка. Напаѓачите по извесно време се вратиле и застрелале млад човек , засега непознато, со истрели од пиштол. Полицијата врши увид на лице место.Засега не е позната состојбата на застреланиот“, објави Инстаграм страната 192_rs.
Регион
Млади момчиња од Косово настрадаа во Италија, со автомобил излетаа во река

Три лица загинаа кога БМВ-то што го возеле удрило во заштитна ограда во италијанскиот град Португаро, во близина на Венеција, и паднало во река, јави агенцијата АНСА.
Жртвите се двајца Албанци од Косово, Ѓ. Е.(20) и А.Х.(22), кои биле во друштво на Ѓ. Т.(21), девојка на еден од младите, која исто така починала.
Според италијанските медиуми, во сообраќајна несреќа во мај загинал и братот на А.Х, Адмир (19), кога бил повреден и нивниот татко.
Кога итната помош пристигнала на местото на несреќата, биле пронајдени во автомобилот.
Првичните информации сугерираат дека во несреќата можеби учествувало и четврто лице, но нуркачите засега не пронашле тело во реката.
РЕ-Ново
Хрват добил отказ од работа поради алкохол, па се покажало дека е оцет во салата

Даниел (59) од Загорје во Хрватска до јуни минатата година работел на Главната железничка станица во Загреб, каде прописите се строги и не толерираат присуство на алкохол поради одговорноста на работното место.
Еден ден, при редовните тестирања се покажало дека во телото на Даниел имало 0,18 промили алкохол и тој веднаш добил отказ, пишуваат хрватските медиуми, пренесе „Блиц“.
Сепак, мажот решил да се жали на суд. Во претставката изјавил дека има 39 години стаж, од кои 28 во железницата и дека никогаш не било утврдено дека пиел на работа, а повеќе пати бил тестиран. Изјавил дека вечерта пред да биде тестиран, јадел салата со алкохолен оцет, а во последните три години не пие и не пуши.
Судот на крајот констатирал дека концентрацијата на алкохол во крвта му била ниска и дека тоа не влијаело на неговото однесување или безбедноста во сообраќајот.
На Даниел му одело во прилог и тоа што е во лоша финансиска состојба и што издржува два сина, од кои едниот е студент.
Судијата го вратил на работното место, а железницата сега е должна да му плати отштета.