Регион
Вучиќ: Хрватска сака да ја понижи Србија
Србија сака да има добри и коректни односи со сите во своето опкружување, а постапките и изјавите од Хрватска не се израз на почит кон Србија, туку обид за понижување, рече српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Реагирајќи на изјавите на хрватскиот министер за надворешни работи дека Хрватска ќе го зголеми бројот на своите припадници во КФОР затоа што тоа е значајно за официјален Загреб заради зачувување на мирот во регионот, Вучиќ рече дека Хрватска можела да го одбие КФОР и дека таквата одлука е донесена со цел понатамошно понижување на Србија.
Претходно денес, хрватското Министерство за надворешни и европски работи ги нарече остри изјавите на Белград за зголемениот ангажман на хрватските војници на Косово, кои беа оценети како хистерични шпекулации, објавуваат медиумите во регионот.
Во денешното соопштение од Министерството за надворешни работи на Хрватска се истакнува дека министерот Гордан Грлиќ Радман го посети 34. хрватски контингент во мисијата КФОР како дел од официјалната посета на Косово отфрлајќи ги изјавите на Вулин како „хистерични шпекулации на Србија“, кои се „насочени против Хрватска“ и алудираат на разни воени и слични активности, што Министерството ги смета за крајно смешни и апсурдни.
„Можеа да го одбијат КФОР, но намерно донесоа таква одлука со цел дополнително да ја понижат Србија. Ја примивме пораката и ја разбравме“, рече српскиот претседател, Александар Вучиќ, пред новинарите.
Тој им порача на Србите во Косово „да не се грижат“ и најави дека за неколку дена ќе разговара со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Брисел истакнувајќи ја посветеноста на Србија за избегнување конфликти и зачувување на мирот. Вучиќ рече дека им кажувал на сите оние што мислат дека ќе има нови бури и нови протерувања дека тоа нема да се случи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

