Регион
Вучиќ: Ја водам Србија, сè уште нема да воведуваме санкции кон Русија
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во Њујорк дека Србија сè уште не планира да воведе санкции кон Русија, иако западните лидери се уште инсистираат на тоа.
Вучиќ им рече на новинарите во Њујорк, каде што ја претставува Србија на Генералното собрание на ОН, дека очекува средба на која високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жосеп Борел и други претставници на ЕУ „ќе му одржат говори за потребата Србија да им се придружи на земјите кои воведоа санкции кон Руската Федерација“, пишува Кликс.
„Ќе ги слушам и ќе повторам дека ја водам Србија и дека како нејзин претседател се уште не се согласувам со тоа. Кога ќе разберам дека повеќе не можеме да го правиме тоа, тогаш нема да водиме таква политика. Но, ние водевме таква политика за година и седум месеци, што е чесно и одговорно затоа што знаеме како поминавме со санкциите. Па зошто да учествуваме во овие работи?“ изјави претседателот на Србија за новинарите.
Вучиќ, зборувајќи за досегашниот напредок на Генералното собрание на ОН, рече дека е интересно што по говорот, бразилскиот претседател Лула да Силва доби повеќе аплаузи од американскиот претседател Џо Бајден.
„Ова до сега не се случи. Ова не го велам затоа што некому му значи нешто посебно, освен што може да забележиме мала промена на расположението меѓу африканските и азиските земји, на кои не им се посветува доволно внимание“, рече српскиот претседател, пишува Кликс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

