Регион
Грција ги укинува ПЦР-тестовите за влез во државата

На официјалната веб-страница на Грција Лајв, се појави веста дека Грција од понеделник ќе го укине задолжителниот ПЦР-тест за влез во земјава, така што за минување на границата ќе биде доволен само зелен сертификат.
– Министерот Плеврис изјави дека од понеделник, 7 февруари, во земјата без тест ќе влезат сите оние кои имаат зелен сертификат кој ќе важи 7 месеци.
Како што се вели понатаму во соопштението, зелениот сертификат подразбира дека сте биле вакцинирани или сте прележале ковид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) „Да станам да му го скршам носот“, избегната тепачка во собранието во Црна Гора

Во Собранието на Црна Гора беше избегната тепачка по жестока расправа меѓу пратениците, информираат тамошните медиуми.
Пратеникот Марко Милачиќ го обвини министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и вицепремиер Владимир Јоковиќ дека зел кредити и купил диплома на бензинска пумпа во Затон.
"Da se dignem bre da mu nos slomim." pic.twitter.com/5eLPCVH395
— Peruci (@Kardinal1876) July 5, 2022
На ова реагираше пратеникот на СНП, Драган Ивановиќ, кој изјави дека се работи за измислици.
Меѓутоа, по тоа дошло до расправија и закани, а за малку и до физичка пресметка. За да се избегне влошување на ситуацијата била дадена пауза, јавуваат медиумите.
Регион
Најмалку шестмина загинати, а 25 повредени во автобуска несреќа во Турција

Патнички автобус рано утринава се превртел и слетал во бездна на излезот од Киркларели.
Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени јавуваат, локалните медиуми.
На местото на несреќата пристигнале бројни екипи на брзата помош и полицијата.
Гувернерот на таа турската провинција, Бирол Екичи, изјавил дека се работи за автобус кој сообраќал од Едрене за Бодрум кој паднал во бездна во областа Лулебургаз.
Гувернерот изјавил дека во несреќата животот го загубиле најмалку шест лица, меѓу кои и едно дете, а 25 повредени се пренесени во болници.
Регион
Рама: Три години организираме свадба и чекаме да дојде невестата од Брисел, но таа не доаѓа

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека неговата земја организира свадба веќе три години и дека чека невестата да пристигне од Брисел, но ја нема.
„Мислам дека преговорите требаше да се отворат пред многу години, можеби ќе биде в година, но нема да се откажеме од сонот. Продолживме да организираме свадби, големи свадби со музика. Ја чекавме невестата да дојде од Брисел, но таа не дојде“, изјави Рама.
Тој истакна дека ЕУ треба да го смени својот став и да не им остава на политичарите да се занимаваат со историјата, како што е случајот со Бугарија.
„Ние сме Балканот што доаѓа со некои проблеми, сакаме да бидеме дел од ЕУ, а потоа ако земјите како Бугарија во овој случај го користат ветото за да разговараат за историјата на политичко ниво, тоа е уште покомплицирано. Генерално, јас мислам дека секогаш кога политичарите се занимаваат со историјата за да ја решат, најверојатниот резултат е историјата да се направи уште покомплицирана. Сето ова е срам, но срам поврзан со духот на експанзијата. Бугарија е најистакнат пример за овој изопачен дух. ЕУ мора да се промени, не смее повеќе да функционира вака, една држава да зема друга земја како заложник“, рече тој.