Регион
Грција се огласи по најавата дека ќе го признае Косово
Позицијата на Грција да не ја признава независноста на Косово е добро позната и останува непроменета, изјави грчкиот амбасадор во Србија, Јоргос Џaкофотакис, за „Танјуг“.
Тој ги коментира очекувањата на аналитичарите за надворешна политика Дејвид Филипс и Даниел Сервер дека Грција ќе ја смени својата позиција и веројатно ќе го признае Косово.
„Во принцип, ние не ги коментираме мислењата на аналитичарите, грчката позиција за непризнавање на Косово е добро позната и останува непроменета“, се вели во писмениот одговор на грчкиот амбасадор Џакофотакис, кој беше испратен до „Танјуг“ од неговата прес-служба.
Филипс и Даниел Сервер за РТВ „Дукаѓини“ изјавија дека не очекуваат петте земји од Европската Унија, што не го признаа Косово, да ги сменат своите позиции, освен Грција.
„Грција е многу веројатно да го признае Косово. Ѕидот што беше создаден од фактот дека пет земји не го признаа Косово набргу ќе почне да се руши кога Грција или некоја друга земја ќе одлучи да го признае Косово“, рече Филипс.
Филипс и Сервер исто така сметаат дека позициите на петте земји членки на ЕУ треба да се видат по завршувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

