Регион
Грција ја призна вакцината „спутник В“, руските туристи ги очекуваат од 14 мај

Атина ја признава руската вакцина „спутник В“ како и европските вакцини при патување, изјави грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис.
Во интервју за „РИА новости“ тој рече дека граѓаните на Русија ќе може да влезат во Грција од 14 мај и оти вакцинацијата не е задолжителна за туристите, но ќе ги спаси од цела низа формалности.
За да влезете во Грција од Русија, треба или да се вакцинирате, или да имате негативен тест на коронавирус или да имате антитела. Вакцинирањето не е задолжително, но луѓето што биле вакцинирани нема да мора да имаат негативен тест и нема да бидат подложени на проверки, објасни грчкиот министер.
Тој исто така додаде дека Грција е задоволна што руската компанија, која произведува вакцина, доставила барање до Европската агенција за лекови за регистрација за да може и граѓаните на ЕУ да се вакцинираат со неа.
„Сепак, без оглед на фактот дека ќе се користи како призната вакцина, нашата земја одлучи дека за нас ‘спутник В’ е еднаков на европските вакцини при патување, така што туристите може да влезат во нашата земја, без да мора да се тестираат секојпат кога доаѓаат“, рече министерот.
Потврдата за вакцинација издадена во Русија ќе треба да биде преведена на англиски јазик, а туристите ќе мора да ги почитуваат сите санитарни мерки што се во сила во Грција.
„Сè што се однесува на Грците важи и за странските туристи во нашата земја“, заклучи министерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Од утре граѓаните на Србија се вакцинираат без закажување

Од утре во цела Србија вакцинацијата со вакцината на „Фајзер“ е можна без закажување.
Според најавите, од среда во Белград и Нови Сад и од четврток и петок во цела Србија истото ќе биде можно и со вакцината „спутник В“.
Локалните самоуправи ќе бидат вклучени во акцијата со цел да ги повикаат граѓаните на вакцинација.
Вакцинацијата со вакцината на „Фајзер“ без закажана средба ќе биде можна за домашните државјани и за странците со постојан престој, но не и со регистрација на живеење од неколку дена. Исто така, странците што живеат во Србија ќе можат да се вакцинираат без закажан термин, но не и оние кои дошле само да се вакцинираат.
Регион
Двајца вработени во бугарската амбасада во Москва прогласени за персона нон грата

Двајца вработени во бугарската амбасада во Москва се прогласени за персона нон грата како одговор на протерувањето на руските дипломати од Бугарија, соопшти руското Министерство за надворешни работи, а пренесе агенцијата ТАСС.
„На 20 април, бугарскиот амбасадор Атанас Крастин беше повикан во руското Министерство за надворешни работи каде што му беше вложена нота со која првиот секретар на конзуларната служба на амбасадата, Н. Панајотов, и првиот секретар на трговско-економската служба на амбасадата, Г. Кристозов, се прогласени за персона нон грата. Овие луѓе мора да ја напуштат Русија во рок од 72 часа“, се вели во соопштението.
„Оваа мерка е донесена како одговор на одлуката на Бугарија, донесена без причина во март 2021 година, за прогласување персона нон грата на двајца вработени во руската амбасада во Софија“, додава министерството.
На 23 март бугарското Министерство за надворешни работи прогласи двајца вработени во руската амбасада во Софија за персона нон грата. Руската амбасада тогаш изјави дека одлуката на бугарската страна е неоснована.
Бугарското обвинителство на 19 март соопшти дека шест активни и поранешни вработени во бугарското Министерство за одбрана и во воените разузнавачки агенции се приведени под сомнение дека шпионирале за Русија. Петмина од нив се притворни од страна на воениот трибунал, а еден беше ослободен со кауција бидејќи обвинителите не инсистираа на негово апсење.
Регион
Фестивалот Егзит ќе се одржи ова лето – брзи тестови за гостите кои не се вакцинирани или не прележале Ковид-19

Новосадскиот градоначалник Милош Вучевиќ изјави дека, благодарение на големиот успех на Србија во масовната вакцинација, фестивалот Егзит има можности да се одржи ова лето.
Долго исчекуваната вест претставува клучна потврда дека големата прослава на 20-годишнината на Егзит ќе биде одржана според планот – од 8 до 11 јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, со учество на некои од водечките светски ѕвезди, како што се Дејвид Гета, Диџеј Снејк, Тајга, Пол Калкбренер, Нина Кравиц, Борис Брејча, Пол ван Дајк, Соломун, Сепултура и многу други.
„Одржувањето на Егзит ќе биде симбол на победата на Србија над пандемијата“ кажа градоначалникот Вучевиќ, кој е член на Националниот кризен штаб за борба против пандемијата и додаде дека „Егзит е од огромно значење за туризмот и промоцијата на земјата“.
Како што тој објасни, влезот на фестивалот ќе им биде овозможен на сите кои се вакцинирани и на сите кои го прележале коронавирусот. За останатите посетители од земјата и светот ќе бидат овозможени брзи антигенски тестови по многу поволни цени, во посебно организирана зона во непосредна близина на фестивалските капии.
Влезот во Србија уште сега им е веќе дозволен на странците, додека, пак, до јуни се очекува и дека ќе биде целосно укинат задолжителниот ПЦР-тест за влез во земјата. Сите детали поврзани со влезот во земјата и на Фестивалот ќе бидат навремено објавени на официјалниот сајт на Егзит во склад со идните актуелни мерки пропишани од страна на Владата на Република Србија.
„Исклучително сме возбудени поради оваа вест и можноста заедно со публиката од целиот свет, на нашата омилена тврдина да прославиме две децении на Фестивалот, да го славиме животот! Имајќи ги предвид сите тешкотии на кои бевме изложени претходните година дена, веќе сега чувствуваме дека овој ’Биг Бенг’ на позитивна енергија ќе отвори потполно нови димензии на фестивалското искуство и ќе го обележи овогодишниот Егзит како еден од најпосебните. Сепак, мораме да останеме одговорни во наредните месеци и ги повикуваме сите кои имаат можност што поскоро да се вакцинираат, бидејќи здравјето и безбедноста на сите посетители, изведувачи и членови на тимот, се наш приоритет“, изјави Душан Ковачевиќ, основач и директор на фестивалот Егзит.
Србија во изминативе неколку месеци оствари големи успеси кога е во прашање масовната вакцинација. Покрај тоа што им овозможи на своите граѓани да бираат помеѓу различните производители на вакцините од целиот свет, Србија е единствената земја која бесплатно вакцинираше и десетици илјади странци од цела Европа.
„Ние ќе им овозможиме на сите наши посетители кои тоа го сакаат да се пријават за вакцинација во Србија, а повеќе информации за тоа ќе објавиме наскоро“, истакна Ковачевиќ.
Егзит е најголемиот музички фестивал во регионов, а како таков веќе 20 години претставува значајна дестинација за голем број македонски посетители и музички изведувачи кои настапуваат во рамки на програмата за над 40 бини на фестивалот Егзит.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион4 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?