Регион
Дачиќ: Резолуцијата за геноцидот во Сребреница не придонесува за помирување
Првиот потпретседател на владата на Србија и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека резолуцијата за геноцидот во Сребреница за која денеска треба да се разговара во ОН не придонесува за помирување и консензус и посочи дека она што се случи во Сребреница не може да се квалификува како геноцид бидејќи се знае што подразбира дефиницијата на тој термин.
Дачиќ за „ТВ Пинк“ изјави дека во Сребреница се случило злосторство, но не и геноцид бидејќи по дефиниција тој термин подразбира дека некој имал план да уништи нација, што не било случај.
„Имате злосторство што, се разбира, е страшно, а ние самите како српски народ инсистираме сите одговорни за тоа да се добијат бидејќи штетата е направена на српскиот народ во целина. Геноцидот е кривично дело што подразбира дека некој имал план да уништи нација“, изјави Дачиќ, пренесува „Танјуг“.
Тој посочи и дека резолуцијата за геноцидот во Сребреница не придонесува за помирување и дека прашањето за кое ќе се разговара во ОН треба да се тргне од дневниот ред.
„Ако донесовме општа резолуција против геноцидот, зошто сега се носи индивидуална резолуција и Србите, покрај Хутите, се прогласени за единствени геноцидни народи, покрај сите злосторници што биле на оваа планета. Па чекајте, покрај Германците, Турците и другите, и ние ќе бидеме етикетирани како геноцидни“, рече Дачиќ.
Дачиќ истакна и дека она што се случи во Сребреница не може да се означи како геноцид бидејќи се случило на територијата на само една општина во Босна и Херцеговина.
„Но, ако имаме нешто што се случило на територијата на само една општина во Босна и Херцеговина, како можете нешто да прогласите за геноцид? Го нема на целата територија. Дури и во пресудата стои дека тоа е само до таа општина“, посочи тој.
Дачиќ додаде и дека е неопходно да има единство меѓу српскиот народ бидејќи времињата не се лесни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени
Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.
„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.
Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.
„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.
Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.
Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.
фото/ЕПА
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.

