Регион
Дачиќ: Штетно е Вучиќ воопшто и да размислува за оставка
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, оцени дека ова се денови од суштинско значење за виталните национални и државни интереси на Србија кога е потребно политичко и државно единство за прашањето за Косово и Метохија и посочи дека е штетно претседателот Александар Вучиќ дури и да размислува за оставка.
Дачиќ рече дека најважно е мудро и решително да продолжи дијалогот со јасна цел Србија да биде дел од современиот свет, да стане членка на ЕУ и да продолжи со економскиот развој, а од друга страна, да ги заштити своите национални и државните интереси на најдобар начин.
„Затоа мислам дека е апсолутно штетно што Вучиќ воопшто размислува да поднесе оставка. Знам дека тоа го мисли за да ја одбрани Србија ако нема друг начин. Но, тоа нема да го направи само ако сме обединети и имаме заеднички пристап“, изјави Дачиќ за телевизијата „Хепи“.
Во пресрет на денешната седница на владата на Србија за Косово, на која ќе присуствува и Вучиќ, Дачиќ посочи дека нема сомнеж оти претседателот на Србија ужива недвосмислена поддршка од државниот врв.
Тој изјави дека го поддржува пристапот на Вучиќ да учествува во дијалогот, со јасни резерви за тоа што не е во интерес на Србија и посочи дека оној што вели дека преговорите со ЕУ треба да се напуштат, работи против интересите на државата.
„Србија преку дијалог мора да извлече најмала можна штета и најголема можна корист. На маса сме, но со јасни ставови – која е црвената линија за нас. Треба да се поддржи државниот врв да продолжи дијалогот со Приштина, да се дојде до прифатливо решение, притоа да се почитуваат државните и националните интереси“, рече Дачиќ.
Министерот рече дека секој напад врз претседателот на Србија на некој начин ја ослабува позицијата на земјата во корист на нејзините непријатели.
Кога станува збор за Косово и Метохија, Дачиќ напомена дека понудите за Србија никогаш не биле добри бидејќи се базирале на тоа дека Косово е независна држава.
Дачиќ повтори дека Србија сака итно формирање на заедницата на српските општини (ЗСО), а Приштина сака да го избегне.
„Србија инсистира на итно формирање на ЗСО, тоа е предуслов да се разговара за некој политички план или предлог за решавање на односите меѓу Белград и Приштина“, посочи Дачиќ додавајќи дека косовскиот премиер Албин Курти сака да го избегне тоа и да го реши косовското прашање со воена интервенција на северот на покраината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

