Регион
Две пациентки ставени во ист болнички кревет, хрватската јавност згрозена од фотографијата

Во Хрватска се појави фотографија која ја згрози јавноста – во Општата болница во Сисак ставиле две пациентки на еден кревет.
Во Сисак ОБ, две пациентки се забележани како лежат на една носилка (кревет за префрлање на неподвижни пациенти). Фотографијата ја згрози јавноста, пренесува Дневник.хр.
„Додека пратеничката Маја Грба-Бујевиќ се слика со директорите на болниците, добиваме слика од Сисак каде што од итната помош немаат доволно кревети и ставаат двајца пациенти на една носилка. Многу хумано за 21 век“, се вели во описот на објавата.
Од болницата одговориле дека во петокот во периодот од 13 до 15 часот имало повеќе од 60 пациенти, меѓу кои и голем број тешки случаи кои морале да бидат прегледани, дијагностички и хоспитализирани.
Поради недостиг на простор, во еден момент две жени биле сместени на ист кревет, и тоа многу кратко, додека не им се обезбедил соодветен простор, изјави директорот на ОБ Сисак, Томислав Дујменовиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Општа тепачка на свадба во Србија: гостинка ја удри невестата, возврати младоженецот

Свадбена прослава во Горњи Милановац се претвори во вистинска драма кога избувна масовна тепачка меѓу гостите.
Според порталот „192.рс“, инцидентот почнал кога гостинка на свадбата, од причини што засега се непознати, физички ја нападнала невестата и ја удрила.
Потоа реагирал младоженецот обидувајќи се да ја заштити својата сопруга, а конфликтот набргу се проширил и на другите гости.
View this post on Instagram
Според снимката, во салата владеел целосен хаос, а некои од присутните се обидувале да ја смират ситуацијата.
фото: принтскрин
Регион
Дојава за бомба на имотот на Милорад Додик

Утрово, во Бања Лука е примена пријава за поставена бомба на имотот на Милорад Додик, поранешниот претседател на Република Српска.
Според Радио Сараево, полицијата веднаш излегла на местото на настанот и спроведува контрадиверзиска инспекција на имотот.
Претходно наутро, примена е и пријава за бомба во хотелот „Палас“ во Бања Лука. Министерството за внатрешни работи на РС извршило увид и утврдило дека станува збор за лажна пријава.
фото: принтскрин
Регион
Вучиќ: Успеавме да ги одложиме санкциите на САД врз српската нафтена индустрија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека САД го одложиле воведувањето санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС) за осум дена со цел, како што рече, „за да покажат почит кон Србија“.
„Им благодарам, сакаа да покажат почит, да ни кажат дека нè слушаат и ја разбираат нашата позиција. Благодарам за тоа, но дали добивме нешто суштинско? За седум дена, ќе го имаме истото прашање, а јас сè уште нема да го имам одговорот“, рече Вучиќ во Обреновац, каде што учествуваше на граѓанскиот марш против блокадите.
Тој додаде дека ќе има реакција од Србија и од самата НИС и кон американската страна и кон другите партнери кога станува збор за нови понуди.
„Верувам дека ова е добро, но дали ќе биде доволно и дали ова е она што го сакаат Американците – ќе видиме“, рече Вучиќ.
Санкциите на САД против НИС требаше да стапат во сила на 1 октомври, но рокот сега е одложен барем до 9 октомври.
фото: принтскрин