Регион
Девојка од Србија почина на Крит

Девојка од Србија на 32-годишна возраст починала на Крит за време на одморот.
Таа била на одмор со друштво.
Во саботата вечерта ѝ се слошило и им рекла на пријателите дека повеќе би сакала да остане во хотелската соба за да се одмори.
Нејзините пријатели отишле на кафе, а кога се вратиле во собата, ги дочекала трагедија – нивната пријателка била мртва, јавуваат грчките медиуми.
Била повикана брза помош, но било доцна. Трагедијата се случила околу 22 часот во хотел во Херсонисос.
Наредена е обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Неколку кајаци се превртеа кај Дубровник, спасени се 8 лица, се трага по уште тројца

Во тек е потрагата на море, надвор од Локрум, каде што се пронајдени неколку превртени кајаци без луѓе. Според првите, неофицијални информации, се трага по повеќе лица. Според неофицијални информации на дубровничкиот дневен весник, некои од туристите кои биле на екскурзија, меѓу кои и едно дете, се пронајдени, а по другите се уште трае потрагата.
Од морето биле спасени осум лица, меѓу кои и едно дете и биле пренесени на безбедно.
Познато е и дека се трага по уште тројца екскурзионисти, но бројот постојано се менува поради наводно сомнителна евиденција која се води за луѓе кои одат на патувања со кајак.
. Се дознава дека се спасени и двајца најверојатно, германски државјани, а четворица од нив се пронајдени во пештерата на Бета.
Околу 15:20 часот во полиција пристигнала пријава од граѓани кои тврдат дека забележале неколку превртени кајаци на отворено море.
Засега не се знае дали луѓето од кајаците исчезнале или пак нашле засолниште и се засолниле од невремето оставајќи ги кајаците зад себе. На терен трагаат припадници на полицијата и на Капетанијата на пристаништата, вработени во Локрум, како и дел од граѓаните кои запловиле со чамци.
Регион
Стано за Косово: Мора итно да се дојде до деескалација, излезот мора да се најде преку дијалог

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, повтори дека Унијата го осудува инцидентот што се случи во Бањска и порача дека ситуацијата мора да деескалира и дека излезот од постојаните кризи на Косово мора да се најде со дијалог.
„ЕУ е многу јасна – ние сме посредникот. Двете страни сакаат да влезат во ЕУ, а нивниот пат е преку дијалог. Дека не треба да се справуваме со опасни кризи како оваа што ја имаме сега, туку да им помогнеме да напредуваат кон нормализација и помирување. Сето тоа многу јасно стои во соопштението на членките на ЕУ – како мора да се однесуваат за да влезат во ЕУ“, рече Стано на прес-конференцијата во Брисел.
На прашањето на новинарите дали постои можност за воведување мерки, Стана рече дека истрагата сè уште е во тек и дека сè уште се испитуваат сите факти за тоа дело.
На прашањето дали високиот комесар за безбедност и надворешна политика, Жозеп Борел, планира уште една средба на високо ниво со Белград и Приштина, Стано рече дека тоа е дел од дијалогот.
Регион
Државјанин на Србија уапсен во Црна Гора за наводно воено злосторство во Косово

Црногорските службеници на Секторот за борба против криминалот за воени злосторства врз цивилното население го уапсиле српскиот државјанин М. В.
Одделението за безбедност на Плав и Секторот за безбедност Беране, во соработка со секторот за борба против криминалот, како дел од меѓународна целна потрага, го лоцирале и уапсиле српскиот државјанин М. В. (61) кого УНМИК го бара за наводни воени злосторства врз цивилното население.
М. В. бил баран од НЦБ Интерпол Унмик со цел да се обезбеди негово присуство во кривичната постапка што против него се води поради, како што се наведува, основано сомнение дека сторил кривично дело воени злосторства врз цивилното население, соопшти Управата на полицијата на Црна Гора.
Според информациите, М. В. е осомничен дека наведеното кривично дело го сторил во текот на 1999 година на подрачјето на општина Пеќ.
По апсењето, тој е ставен во екстрадициски притвор во Бјело Поље.