Регион
Дедото на Данка: „Никогаш немаше да ги обвинам ако ја удрea и итно ја однесea во болница“

Веќе петти ден трае потрагата по телото на двегодишното девојче Данка Илиќ од Бањско поле кај Бор. Сите надлежни екипи на полицијата пребаруваат локации во регионот за кои има некакви сомнежи, индиции или трага дека телото на девојчето може да се најде. Дедото на девојчето, Милан Илиќ, за „Нова.рс“ вели дека сите изразуваат сочувство, но дека се уште не може да поверува.
На почетокот на разговорот, Милан Илиќ истакнува дека му е исклучително тешко да го прифати сето тоа, како реалност.
„Тешко ни е, денот кога слушнавме дека ги фатиле убијците и дека всушност се работи за убиство, на сите ни беше многу лошо. Сите завршивме на интензивна нега. Не знам како, иако чудовиштата признаа, живеам во надеж. Сè додека телото не биде пронајдено, има некаква трошка надеж, искра, дека таа е жива. Детето не е игла, треба да се најде, дали некој дел од облеката, или нешто друго ако го направиле. Вака, дека ништо не можат да најдат, дека овие чудовишта ги тераат лицата да бараат од едно место на друго. Ужас“, вели дедото на Данка.
За „Нова.рс“ раскажува дека многу се плаши од тоа што убијците и го направиле на Данка, откако и го одзеле животот кој штотуку започнал.
„Не ги познавам овие луѓе, никогаш не сум ги видел. Не ми е јасно дали е можно овие нелуѓе да го направиле тоа. Нема такво нешто на земјата, јас не сум паметен. Барем да ја оставеле кога ја удриле. Ако не биле во можност, да повикале помош. Никогаш немаше да ги обвинам ако ситуацијата беше таква да ја удрат и итно да ја однесат во болница, но вака… Не посакувам зло на никого, па ни на нивните семејства, но некој горе , Бог, си ја врши работата како што треба. Мислев дека сум најсилниот, дека можам да го издржувам семејството, но почнав и да пукам“, вели Милан Илиќ.
Додава дека тие како семејство се надеваат дека ќе го најдат телото на Данка за да ја погребаат како што треба.
„Да има каде да и се запали свеќа, да знаеме каде почива. Денот кога исчезна беше последен пат кога ја видов. Со сопругата отидовме да се грижиме за Данка и нејзиниот брат, додека Ивана отиде во општината да заврши нешто. Инаку, сопругата често ги чувала и се навикнале на неа. Некогаш кога ќе не видат децата трчаа прво кај баба, но тој ден Данка ми истрча, да го гушне дедото. Јас всушност и велам на жена ми во тој момент: „А, ќе падне снег“. Неверојатно ми е“… Игравме, се шегувавме и кога ќе се сетам на сето тоа, само ми е се потешко и потешко. Не се чувствувам добро кога ќе ја видам нејзината слика на интернет и на телевизија, солзите сами доаѓаат и само се прашувам дали е можно“, низ солзи раскажува тој.
Милан посочува дека е благодарен на сите луѓе, и на полицијата што постојано прават напори да ги расветлат сите околности, но додава и дека му се тешки шпекулациите.
„Немам зборови да им се заблагодарам на сите луѓе што пребаруваат овде, полицајците даваат 1000 проценти од силите. Повеќе не гледам телевизија бидејќи не можам да ја поднесам количината на лаги и измислици. Ми пречи и тоа што одредени медиумски личности излегоа со теории на заговор против моите деца, неверојатно е колку тие страдаа. Исто така, некои таканаречени детективи кои се појавуваат на телевизија и велат дека син ми ми должи, е коцкар, и дека сум алкохоличар. Страшно е колку луѓе се подготвени да го искористат овој тежок случај“, заклучува дедото на Данка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Уапсен шпион во Грција, осомничен за поврзаност со Русите

Етнички Грк од Грузија е уапсен во Александрополи, североисточна Грција, под обвинение за шпионажа, откако властите пронашле фотографии и видеа од воени објекти и опрема на неговиот мобилен телефон, пишува грчки Екатимерини.
Според грчката полиција, осомничениот испратил чувствителни материјали на неидентификуван примач во странство користејќи шифрирана апликација за комуникација. Според грчките медиуми, постои сомневање дека мажот фотографирал, снимал и дистрибуирал материјали од воено значење најмалку шест месеци.
Апсењето е извршено за време на заедничка операција на Националната разузнавачка служба (ЕЈП) и Одделот за криминалистичка истрага и гонење во Александрополи.
При прелиминарниот распит, осомничениот, наводно, признал дека фотографирал и снимал воени локации за друго лице. Според државната телевизија ЕРТ, властите веруваат дека мисијата можеби вклучувала планови за можна саботажа на воени објекти.
Лицето кое го регрутирало осомничениот е наводно член на меѓународна криминална мрежа и поврзан со руската воена разузнавачка служба ГРУ. Човекот признал дека првично му била понудена парична отштета, но на крајот постапил доброволно „за мајка Русија“. Тој, наводно, им рекол на истражителите дека во младоста служел во руската армија во Сибир.
Националната разузнавачка служба ја продолжува истрагата за да го утврди целосниот обем на операцијата, заклучува Екатимерини.
Регион
Во Белград најдено телото на девојчето кое неговата мајка го фрли во река во Загреб

Белградскиот Интерпол ја известил хрватската полиција дека во март во реката Сава во Белград пронашла тело на дете.
Загрепската полиција штотуку соопшти дека преку меѓународна полициска соработка е извршена ДНК анализа и е утврдено дека е жртвата на убиството, извршено на 15 јануари годинава во Загреб, кај мостот Јанкомир.
Станува збор за случај од почетокот на годинава кога ХГСС и други служби трагаа по тригодишно девојче кое мајка и го внела во реката кај мостот Јанкомир.
Мајката тие денови била сослушана во Жупаниското државно обвинителство во Загреб, а поради извршување на кривичното дело тешко убиство и е изречена едномесечен притвор.
Регион
Третата најголема партија во Бугарија потпиша соработка со партијата на Путин

Националистичката бугарска партија „Преродба“ потпиша договор за соработка со владејачката партија на Руската Федерација „Единствена Русија“. Ова се случи и покрај фактот што Русија официјално ја прогласи Бугарија за непријателска држава по почетокот на сеопфатната инвазија на Украина, дознава „Еурактив“, а пренесува УНН.
„Договорот предвидува размена на искуства, идеи и политичка пракса меѓу двете партии и претставува важен позитивен чекор кон обновување на целосните бугарско-руски односи“, наведуваат од партијата „Преродба“.
Договорот го потпишаа заменик-претседателот Цончо Ганев, кој е и потпретседател на Народното собрание и Владимир Јакушев – заменик претседател на Горниот дом на Државната дума на Руската Федерација.
Како што пишува УНН, „Преродба“ нема ништо против тоа што Русија ја прогласи Бугарија за непријателска држава по почетокот на војната во Украина и продолжува да ги одржува односите со владејачката партија.
Според достапните информации, „Преродба“ е третата по големина партија во бугарскиот парламент: по изборите во октомври 2024 година има 33 мандати од вкупно 240. Партијата отворено се противи на членството на Бугарија во ЕУ и НАТО, се залага за неутралност во војната на Русија против Украина и шири проруски наративи на социјалните мрежи.
Претходно таа неуспешно се обиде да организира референдум за забрана на воведувањето на еврото.
Исто така, оваа партија влезе во бугарскиот парламент благодарение на нејзиниот цврст став против вакцините и карантинот за време на пандемијата на Ковид.