Регион
Додик: Западните вакцини против коронавирус предизвикуваат неплодност, верувам во руската вакцина

Претседателот на претседателството на БиХ, Милорад Додик, изјави дека вакцините против коронавирус развиени на Запад се проблематични и дека меѓу другото предизвикуваат стерилитет, па затоа тој ќе се вакцинира со вакцина од Русија.
„Верувам во ова, а не верувам во комерцијалните приказни што доаѓаат од Запад. Овде (во Русија) вакцината ја прави државата и ги вакцинира своите жители. Тоа значи дека треба да имате доверба. За разлика од кандидатите кои ќе ја направат вакцината на Запад. Постојат секакви шпекулации – дека вакцините од Запад ќе влијаат на стерилитетот на населението и на многу други работи што не можете да ги знаете“, изјави Додик за јавниот сервис РТРС.
Тој кажа дека затоа Република Српска ќе ја набави вакцината исклучиво од Русија, игнорирајќи го фактот дека нема согласност од Агенцијата за лекови и медицински помагала на БиХ, без чија дозвола не можат да се увезуваат странски медицински препарати во земјата.
Додик го рече ова коментирајќи ја посетата на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој утре вечер ќе пристигне во Сараево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Србија 850.000 луѓе без основно образование

Во Србија околу 14 проценти од населението, поточно 850.000 возрасни лица, немаат завршено основно училиште, иако тоа е задолжително со закон.
Во исто време, секоја петта личност нема завршено средно училиште, пишува „Блиц“.
Поразително е и тоа што 2,68 проценти од населението во Србија е без училиште, 11 проценти со нецелосно основно образование и 20,76 проценти со основно образование, додека речиси два проценти се неписмени (1,96).
Регион
Подгорица: татко ја продал ќерка си за 20 илјади евра

44-годишен жител на Подгорица е уапсен под сомнение дека сторил кривично дело трговија со луѓе на штета на својата малолетна ќерка, соопшти црногорската полиција.
Полицијата се сомнева дека тој петнаесетгодишната ќерка ја продал за 20.000 евра за да склучи недозволен брак. Во септември 2020 година осомничениот се согласил со семејство од Германија да склучи нелегален брак помеѓу неговата малолетна ќерка и нивниот син. Ја предал својата ќерка на братучедот кому му дал полномоштво за да ја пренесе во Германија.
По тоа, таа му е предадена на семејството со цел склучување нелегален брак за кој претходно биле договорени 20.000 евра, се наведува во соопштението.
Регион
Ѓукановиќ го потпиша законот за слобода на вероисповед

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, го потпиша указот за прогласување на законот за слобода на вероисповед и други закони, кои минатата недела беа повторно усвоени од црногорскиот парламент.
„Ги потпишав указите за прогласување закони откако парламентот повторно ги изгласа на 20 јануари 2021 година. Дилемите што ги имав и поради кои ги вратив во Собранието за нова одлука остануваат“, објави Ѓукановиќ на „Твитер“. Тој додаде дека како претседател, според Уставот, е должен да го прогласи повторно изгласаниот закон и дека нема простор за поинакво уставно постапување.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот