Регион
Додик на сослушување за тоа од каде му е украинската икона што му ја подари на Лавров
Претседателот во Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, мораше да се јави во Обвинителството на БиХ во Сараево, а според локалните медиуми, тој сведочел како дел од истрагата за сомнителното потекло на иконата што му ја подари на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, при неговата посета на БиХ.
Додик се обидел незабележано, преку споредна врата, да влезе во седиштето на Обвинителството на БиХ, но медиумите сепак го забележале и објавија за тоа. Според информациите, тој во зградата на Обвинителеството се задржал околу еден час.
Додик е главниот актер во аферата „Икона“ бидејќи на 14 декември минатата година тој му подари икона на рускиот министер Лавров како личен подарок, што се покажа дека е регистрирана како украински имот во 20-тите години на минатиот век.

Прашањето како иконата стигнала до БиХ остана без јасен одговор, а Додик понуди објаснување дека таа во БиХ била во сопственост на семејство чиј член му ја подарил.
„Не го знам ниту името на човекот што ми ја даде иконата, само мислев дека може да биде убав гест“, е објаснувањето што Додик го понуди јавно избегнувајќи јасно да одговори на многу прашања. Неговата основна теза е дека ова дело не може да е во сопственост на Украина затоа што не постои документ што може да го докаже тоа, но украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, остро реагира велејќи дека Додик лаже и дека иконата е украинска.
Рускиот министер Лавров ја врати иконата во амбасадата на БиХ во Москва на 24 декември минатата година инсистирајќи да се утврди точниот сопственик на иконата, а од Украина дојде барање за случајот да се отвори истрага во БиХ.
По тој повод, украинскиот амбасадор во БиХ, Василиј Кирилиќ, во јануари во Сараево се состана со главната обвинителка во Обвинителството на БиХ, Гордана Тадиќ, по што Обвинителството официјално отвори истрага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

