Контакт

Регион

Додик: Република Српска сака независност како и Косово

Објавено пред

Српскиот член во Претседателството на БиХ, Милорад Додик, изјави дека Република Српска ги има истите амбиции за независност како и Косово и дека целосно го поддржува официјален Белград, кој инсистира на создавање заедница на српски општини.

„Оние коишто ја туркаат приказната за независност на Косово мора да сметаат дека Република Српска го сака истото тоа, без оглед на тоа што други очекуваат дека тоа не е така“, рече Додик на прашањето да ја искоментира изјавата на поранешниот косовски министер за надворешни работи Беџет Пацоли, кој на српскиот претседател Александар Вучиќ му пораќа дека има само една можност да ја признае независноста на Косово, затоа што тоа е реалност.

Додик додаде дека Република Српска и локалните Срби ја поддржуваат Србија и нејзините власти во однос на Косово. Додик објасни дека секое решение на Косово мора да ја вклучи заедницата на српските општини.

Според него, Босна и Херцеговина нема да го признае Косово поради позицијата на Република Српска. „Се разбира, БиХ не го призна Косово, ниту, пак, има намера да го признае, бидејќи Република Српска не сака двојни стандарди тука“, рече Додик.

Регион

Во Грција 170 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во Грција, во последните 24 часа, се потврдени 170 нови случаи на коронавирус, a седум лица починаа, пренесува АНА.

Од почетокот на епидемијата во Грција се заразиле 15.142 лица, од кои 2.591 се поврзани со престој во странство.

Досега починале 338 лица.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Црна Гора 226 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во Црна Гора, во последните 24 часа, од 673 тестови, 226 се позитивни на коронавирус. Пријавени се два смртни случаи, а оздравеле 139 пациенти.

Во моментов, во Црна Гора активни се 3.208 случаи.

Од почетокот на епидемијата, вкупниот број на потврдени случаи е 8.612, а починале 136 лица.

Прикажи повеќе...

Регион

Трамп: Запревме масовни убиства меѓу Косово и Србија

Објавено пред

Во предизборната кампања во Северна Каролина, американскиот претседател Доналд Трамп, меѓу другото, рекол дека тој може да биде избран за Нобеловата награда за мир. Во тој контекст тој го споменал неодамна потпишаниот договор меѓу Белград и Приштина во Вашингтон.

„Спутник“ пренесува дека Трамп изјавил дека успеал да ги запре масовните убиства што се случувале меѓу Србија и Косово веќе неколку децении.

„Сигурен сум дека ќе се квалификувам за Нобеловата награда за мир. Ние ги запираме масовните убиства меѓу Косово и Србија. Тие се убиваа со години. Tие ќе престанат да се убиваат едни со други. Јас реков: Момци, ајде да се собереме. Знаете, они го прават тоа стотина годни, под различни имиња“, рекол Трамп.

Претседателот на САД беше номиниран за Нобелова награда за мир овој месец по потпишувањето на договорот за нормализирање на економските односи меѓу Белград и Приштина.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

На сила новите мерки во Австрија

Од полноќ во Австрија почнаа да важат новите правила, поостри мерки во борбата против епидемијата на коронавирус, кои го ограничуваат...

Македонија24 минути

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет13 часа

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија15 часа

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија17 часа

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион20 часа

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија21 час

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија23 часа

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија23 часа

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура23 часа

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Економија24 часа

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку...

Свет1 ден

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет1 ден

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура2 дена

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Свет2 дена

Хаос во Лондон поради рестриктивните мерки: судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите против рестриктивните мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Повеќе од 1.000...

Топ2 дена

Едно лице загина во возило кое излета на патот Неготино – Кавадарци, повредени уште тројца од семејството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во...

Регион2 дена

Стотици луѓе на Парадата на гордоста во Загреб, бараат промена на Уставот

Стотици луѓе се собраа на плоштадот Свети Марко во Загреб, каде се одржува 19. Парада на гордоста. Учесниците на Парадата...

Македонија2 дена

Шестмина починати и 140 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на...

Регион2 дена

(Видео) Ураганот донесе поплави и однесе два животи во Грција

Медитеранскиот ураган Јанос, кој ја погоди централна Грција денеска, однесе два животи, предизвикувајќи поплави и материјална штета. Two dead, one...

Спорт2 дена

Ѓоковиќ кршеше рекети, судијата го нарекуваше Федерер, но влезе во полуфинале

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со судни маки успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Рим, откако...

Досие