Контакт

Регион

Дури 59 починати и над 500 новозаразени во БиХ

Објавено пред

Во Бoсна и Херцеговина денеска се регистрирани 518 нови случаи на инфекција со коронавирус, и тие бројки се повторно најниски во регионот, но бројот на смртни случаи сè уште е непропорционално висок бидејќи починаа уште 59 лица.

Во неделата спроведени се тестови на помал број примероци, како што е вообичаено за време на викендите. На нешто повеќе од 1.400 тестови, 384 лица биле позитивни на територијата на Федерацијата БиХ, односно 134 во Република Српска (РС).

Во Федерацијата се пријавени дури 42 смртни случаи поврзани со инфекција со коронавирус, а 17 во РС.

Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата во БиХ сега е повеќе од 2.600, што ја прави земјата, која има околу три милиони жители, една од носителите на црни рекорди во Европа.

Регион

Кон: Потребни се построги мерки и вонредна состојба во Србија

Објавено пред

Епидемиологот и член на кризниот штаб на Србија, Предраг Кон, изјави дека медицинскиот дел од кризниот штаб бара многу построги мерки, односно целосно затворање, освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи.

„Имавме метеж за време на викендот поради скратување на работното време и не мислам дека многу ќе се забележат последиците од оние мерки што важеа за викендот“, рече Кон.

Кога станува збор за целосно затворање, Кон вели дека е потребно да се затворат сите објекти минимум седум до 10 дена.

Ова би значело дека објектите ќе бидат затворени, но потребно е да се воведат итни мерки.

„Ова трае долго и не треба да дозволиме нон-ковид болниците да се вратат во ковид-системот“, вели Кон.

Лична одговорност, вели тој, очигледно не може да се очекува.

„Факт е дека се откриени незаконски собири кои овозможуваат понатамошно ширење на вирусот“, додаде српскиот епидемиолог.

„Единствената реална работа е да се преземат построги мерки и за нив е потребна вонредна состојба“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија расте бројот на новозаразени од коронавирус, 16 починати

Објавено пред

Во последните 24 часа во Србија на коронавирус биле тестирани 16.743 лица, од кои позитивни биле 4.157, а починале 16 лица.

Според најновите податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 168 пациенти се приклучени на апарати за дишење.

Од овој викенд во сила се нови мерки – угостителските објекти и трговските центри се отворени само до 14 часот, а храната и услужните активности може да бидат отворени до 20 часот.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Црна Гора уапсена 60-годишна жена која возела под дејство на дрога

Објавено пред

Црногорската полиција денеска соопшти дека во Беране била приведена 60-годишна жена со иницијали Б. К. од Гусиње, која управувала возило под дејство на дрога.

„Заедно со барањето за поведување прекршочна постапка, Б. К. беше донесена до надлежниот прекршочен суд, каде што ѝ беше изречена глоба од 480 евра, забрана за управување моторно возило во траење од четири месеци и три казнени поени“, соопшти полициската управа.

Полицијата во Беране запрела и 24-годишен возач, кој возел со 153 километри на час, во место каде што максимално дозволената брзина била 70 километри.

Тој бил казнет со глоба од 300 евра, соопшти полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

(Видеоинтервју) Георгиевски: Србите биле три пати пожестоки, па не ги нарекуваме окупатори, зошто да не им простиме и на Бугарите

За експремиерот Љубчо Георгиевски нема ништо спорно ако македонската страна  ги смени во учебниците називите за Бугарите од типот окупатор, номад...

Македонија7 часа

Потврдени 726 нови случаи на коронавирус во Македонија, седум лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 726 нови случаи на коронавирус, 368 оздравени и седум починати лица, соопшти...

Македонија8 часа

Заев за новиот систем против корупција: Ќе се дигитализираат сите обвинителства, нема веќе предмети во фиока

Ќе се екипираат и дигитализираат јавните обвинителства со оперативни истражни центри, за сите 23 јавни обвинителства во државата заедно со...

Свет10 часа

До 60 проценти од луѓето што прележале коронавирус може да се заразат со бразилскиот вид

Шест од 10 лица што прележале Ковид-19 се ранливи на бразилскиот вид П1, покажа истражувањето спроведено во градот Манаус, во...

Топ12 часа

Двајца Косовци осомничени дека пукале во полицаецот во Ѓорче Петров

Двајца Косовци се уапсени под сомнение дека го предизвикале вчерашниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров кога околу 16.30 часoт...

Македонија12 часа

На следниот конгрес СДСМ ќе го смени своето име во согласност со договорот од Преспа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека името на партијата сè уште не е сменето поради пречките што ги предизвикала...

Европа14 часа

Во Диселдорф забрана за стоење во место: „Јадете само во движење“

Градската управа на Диселдорф донесе одлука граѓаните да не смее да стојат на едно место на главните шеталишта во градот...

Свет14 часа

Експертите на СЗО против употребата на лекот „хидроксихлорокин“

Лекот „хидроксихлорокин“, за кој поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврдеше дека ќе го промени текот на пандемијата, не треба да...

Свет15 часа

Шок-бомби, кациги и импровизирани шлемови на протестите во Мјанмар

Полицијата во Мјанмар активира шок-бомби за да ги растера демонстрантите во Јангон, најголемиот град во Мјанмар. Тие се собраа пред...

Свет1 ден

Кина им забрани на наставниците да ги тепаат и навредуваат учениците

Кина воведе забрана за казнување во училиштата што може да предизвика физичка и психолошка траума, бидејќи неколку ученици починаа во...

Свет1 ден

Навални, Грета Тунберг, СЗО и Трамп номинирани за Нобелова награда за мир

Приближно 329 номинации пристигнаа за Нобеловата награда за мир оваа година, како одраз на бројни горливи прашања низ целиот свет...

Европа1 ден

(Видео) Франција и Германија сега уверуваат дека вакцината на „Астразенека“ е ефикасна

Поради бавниот напредок на вакцинацијата против Ковид-19, со оглед дека има недостиг на вакцини, француските и германските власти се обидуваат...

Свет1 ден

ОН: Русија е одговорна за труењето на Навални

Според меѓународното право, Русија е одговорна за труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, наведуваат во прелиминарните наоди експертите за...

Македонија1 ден

234 нови случаи на Ковид-19 и седуммина починати

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 234 нови случаи на Ковид-19 од направени...

Македонија1 ден

(Видео) Oрганизаторите на настани протестираа пред Владата: Наместо да пуштаме гласна музика, една година сме тивки

Со мотото „ПОМЕН – една година тишина“, со транспаренти во рацете „Спасете ја ивент-индустријата“, вработените во продукциските компании за организирање...

Македонија1 ден

Од мај почнува реконструкцијата на Универзалната сала, идејното решение е донација од архитектот

Универзалната сала во Скопје ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит задржувајќи го својот автентичен изглед со цел и...

Регион1 ден

Во Хрватска помалку од 100 новозаразени од коронавирус, од денес попуштање на мерките

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 91 нов случај на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни...

Македонија2 дена

Шекеринска: Можевме да не кажеме дека ни е вратен капарот за кинеската вакцина

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вели дека, доколку сакале, можеле да скријат дека кинеската компанија за производство на вакцини ни...

Европа2 дена

Германија ги попушта мерките, се отвораат фризерските салони

Фризерите во Германија од денес ги отвораат салоните по двомесечна забрана, што е уште еден претпазлив чекор кон отворање на...

Свет2 дена

„Модерна“ почнува да ја испитува вакцината против јужноафриканскиот вид коронавирус

Испитувањата на вакцината што ја разви лабораторијата на „Модерна“ против јужноафриканскиот вид ќе почнат во средината на март во САД,...

Досие