Контакт

Регион

Емир Кустурица му стана советник на Милорад Додик

Објавено пред

Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, го именува режисерот Емир Кустурица за негов советник.

Како што е објавено на веб-страницата на Претседателството на БиХ, Додик ќе има девет советници и еден шеф на кабинетот. Од таму не е наведено на која советничка позиција е поставен Кустурица.

Додик по победата на изборите во октомври минатата година најави дека ќе го именува Кустурица за советник.

Регион

Вратите за македонските туристи во Грција отворени од 15 јуни, тестови за корона ќе се прават по случаен избор

Објавено пред

Грција од 15 јуни ќе ги отвори своите врати за туристи од 29 земји, објави денеска министерот за туризам, Хари Теохарис.

На списокот на земји се Германија, Хрватска, Данска, Норвешка, Кипар, Израел, Швајцарија, Јапонија, Малта, Бугарија, Кина, Австралија, Нов Зеланд, Северна Македонија, Албанија, Естонија, Латвија, Литванија, Либан, Унгарија, Јужна Кореја, Србија, Црна Гора, Романија, Словенија, Словачка, Чешка и Финска.

Посетителите ќе бидат тестирани за коронавирусот по случаен избор, рече министерот за туризам, а владата ќе го следи ширењето на вирусот. Списокот на земји ќе биде ажуриран во пресрет на јули, додаде Теохарис.

Земјата, која излезе од долготрајната криза со долгови кон крајот на 2018 година, во процесот на економско закрепнување во голема мера се потпира на туризмот, кој учествува со 20 проценти од БДП.

Националниот карантин, воведен во март, помогна Грција да го задржи бројот на инфицирани од Ковид-19 под 3.000, што е релативно мал број во однос на другите членки на ЕУ. Но, карантинот ги загрози деловните активности и туризмот.

Грција ја посетуваат околу 33 милиони туристи годишно, што на земјата и носи заработка од 19 милијарди евра.

Прикажи повеќе...

Регион

Уапсен премиерот на Федерацијата на БиХ поради спорна набавка на респиратори од Кина

Објавено пред

Претседателот на владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, ја помина ноќта во полициска станица, каде што беше на распит во рамките на истрагата за сомнителна набавка на респиратори за болниците во тој ентитет, објавија локалните медиуми.

Новалиќ има статус на притвореник заедно со уште две лица, пишува „Дневни аваз“ повикувајќи се на неименувани извори.

Со Новалиќ вчера попладне биле приведени и Фахрудин Солак, претходно суспендиран раководител на Цивилната заштита на Федерацијата на БиХ, како и Фикрет Хоџиќ, сопственик на компанијата „Сребрена малина“, која била посредник при купувањето респиратори.

Медиумите пренесуваат дека полицијата сега чека на одлука на Обвинителството за тоа дали да бидат притворени.

Истрагата е отворена во април кога се покажало дека „Сребрена малина“ купила 100 респиратори во Кина за 5,3 милиони евра, што е значително повеќе отколку што може да се купат на слободните пазари од европски производители.

Се утврдило и дека набавените респиратори, кои се користат во возилата за итна помош, не може да се користат на болничките одделенија за интензивна нега за каде што и биле наменети.

Прикажи повеќе...

Регион

Хрватска ги отвори ноќните клубови – забранети се подиумите за танц, на гостите ќе им се мери температура

Објавено пред

Во Хрватска од неодамна е дозволена работата на ноќните клубови, а хрватскиот Завод за јавно здравје денеска го објави протколот за нивна работа.

Подиумите за танцување се забранети. Во просторот наменет за играње потребно е да се постават маси на оддалеченост од 1,5 метар.

Во ноќниот клуб се препорачува да се одржи физичко растојание помеѓу лицата (публиката, изведувачите и персоналот) од 1,5 метар. Се препорачува растојание од два метра помеѓу изведувачите и музичарите со дувачки инструменти. Се препорачува растојание од четири метри помеѓу публиката и изведувачите на сцената.

Се препорачува носење заштитни маски во затворен простор. На посетителите и персоналот ќе им се мери телесната температура пред да влезат во клубот.

Масите треба да бидат поставени на растојание од 1,5 метар. Се препорачува, доколку постои можност, работата на клубот да се организира на отворено.

На влезот во клубот или веднаш по влезот, на видливо место, потребно е да се стави известување за обврската за почитување на општите мерки за хигиена и за физичко растојание.

Неопходно е да се избегне допирање на устата, носот, очите и лицето со валкани раце. Рацете мора редовно да се мијат со сапун и вода и да се дезинфицираат.

При кашлање и кивање устата и носот мора да се прекриени со лакотот или со марамче, кое потоа треба да се фрли во канта за отпадоци со капак и да се дезинфицираат рацете.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Пауновски: Некои угостители ги понижуваа инспекторите, се однесуваат како да нема вирус

Одредени угостители со понижување се однесувале кон инспекторите од Пазарниот инспекторат велејќи им: „Едуцирајте нè и напуштете го локалот“, посочи...

Македонија3 часа

Филипче: Да знаевме дека нема да се почитуваат мерките, немаше да дадеме препорака за отворање на кафеаните

По објавата на фотографиите од скопски кафеани, каде што, наместо почитување на препораките, се правеле забави, без одржување дистанца, без...

Македонија4 часа

(Видео) Филипче: Мерките не се почитуваат, можен е карантин во некои општини

Новозаболените од коронавирусот се резултат на непочитувањето на мерките, вели министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека има информации...

Македонија4 часа

Загинувањето на планинарите на Кајмакчалан било несреќа, отфрлена кривичната пријава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање кривична пријава против водичот на планинарската тура, во која пред 2 години...

Македонија5 часа

Потврдени 52 нови случаја на заразени, починаа 4 лица

Денеска, потврдени се 52 нови случаја на Ковид-19, оздравени се 30 пациенти, а починати се 4 лица, информира Министерството за...

Македонија5 часа

Се бара казна од 10.000 евра за поранешната директорка на кожната клиника

Скопското Обвинителство денеска до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија,...

Економија5 часа

(Видео) ФИТР објави повик за финансиска помош, фирмите со добивка ќе треба да ги вратат парите

Речиси 150 домашни микро, мали и средни компании имаат можност да добијат поддршка за брзо приспособување на последиците од Ковид-19...

Македонија5 часа

(Видео) Американски и грчки воени авиони летаа над нашата земја

Два авиона на американското воено воздухопловство, придружувани од четири воени авиона на Грција, околу 11 часот извршија прелет над територијата...

Македонија6 часа

Бугарија го укинува задолжителниот карантин за патниците од Македонија од 1 јуни

Бугарија планира од 1 јуни да го укине задолжителниот 14-дневен карантин за патниците од Македонија и од повеќето земји на...

Свет6 часа

Нов Зеланд има само еден активен случај на коронавирус

Седум дена по ред Нов Зеланд не потврди ниту еден нов случај на коронавирус. Здравствените власти соопштија дека во моментот...

Свет8 часа

(Видео) Немири во Минеаполис поради смртта на црнецот, запалена полициската станица, прогласена вонредна состојба

Демонстрантите влегоа во полициската станица во Минеаполис, предизвикаа пожари и уништија сè што им се нјаде на патот во текот...

Регион9 часа

Хрватска го објави протоколот за свадби – најмногу 150 гости, на подиумот да се држи растојание од два метра

Хрватскиот завод за јавно здравје објави детаљни препораки за одржување свадби, кои од неодамна повторно се дозволени во Хрватска. Некои...

Свет9 часа

Кина се закани со напад на Тајван

Кина ќе го нападне Тајван ако нема друг начин да се спречи неговата независност, предупреди еден од главните кинески генерали,...

Европа9 часа

Идејата за имунитет на стадото во Британија не успеа

Речиси седум проценти од луѓето во британската покраина Англија биле инфицирани со коронавирус, покажале резултатите од тестот на антитела на...

Свет9 часа

Итна седница на ОН за спорниот закон за безбедност за Хонгконг што го донесе Кина

САД и Велика Британија побараа седница на Советот за бесбедност на ОН за спорниот закон за безбедност, кој Кина го...

Македонија10 часа

Македонија додадена на листата на земји чии граѓани може да патуваат во Црна Гора

Националното координативно тело на Црна Гора, синоќа, по предлог на Институтот за јавно здравје, одлучи дека од 1 јуни ќе...

Македонија23 часа

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на...

Регион23 часа

Црна Гора на чекор до прогласување крај на епидемијата

Во Црна Гора ниту денеска нема нов случај на коронавирус, а црногорските медиуми пишуваат дека ако овој тренд продолжи уште...

Топ1 ден

АД „Водостопанство“ и еден раководител ќе одговараат за смртта на 15-годишното момче што се удави во Пчиња

Полицијата поднесе кривична пријава против АД „Водостопанство“ на Македонија и раководител на сектор за речен слив и речни корита поради...

Македонија1 ден

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирус

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да...

Досие