Контакт

Регион

Ердоган: Нема разлика помеѓу грчките граничари и нацистите

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган рече дека не постои разлика меѓу грчките сили што се обидуваат да ја заштитат границата и нацистите, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Исламистичкиот лидер ја засили реториката во актуелниот спор со ЕУ додека десетици илјади баратели на азил се обидуваат да влезат во блокот преку грчката граница. Ердоган ги обвини грчките граничари дека се однесуваат како варвари и фашисти.

„Нема разлика помеѓу она што го направија нацистите и сликите што ги гледаме од грчката граница“, рече Ердоган за грчките граничари кои користат солзавец за да ги спречат мигрантите да се пробијат преку граничните бариери.

Коментарите на Ердоган доаѓаат по вжештениот самит во Брисел на кој исламистичкиот лидер го напушти состанокот со претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, и со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, откако двете страни не успеаја да дојдат до договор за условите на договорот за миграција од 2016 година.

Според условите на договорот, ЕУ се согласи да испрати помош за Турција во висина од 6 милијарди евра, а за возврат Ердоган требаше да ја држи под контрола мигрантската криза.

Турскиот претседател побара ЕУ да одобри безвизен режим за турските граѓани и да испрати повеќе пари, тврдејќи дека проценетите 3,6 милиони баратели на азил ја чинеле турската влада 40 милијарди евра.

„Ќе продолжиме со сегашната мерка на отворени граници додека не се исполнат сите наши барања“, рече Ердоган за „Асошиетед прес“.

Турција распореди околу 1.000 специјални сили до грчката граница за да ги спречи мигрантите да се вратат во Турција откако беа запрени од грчките сили, пренесува „Тајмс“. Грција проценува дека спречила 42.000 мигранти нелегално да влезат во земјата откако Ердоган ги отвори портите за миграција во февруари.

Ердоган повика на уште еден самит за мигрантската криза, што ќе се одржи во Истанбул следната недела, со германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Макрон и евентуално со британскиот премиер Борис Џонсон.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Србија 81 новозаразен со короновирус, еден починат

Објавено пред

Според последните информации во Србија се потврдени 81 случај на зараза со коронавирус, а едно лице починало.

Вкупниот број на регистрирани случаи е 33.080, а починале 744 лица.

Во последните 24 часа биле тестирани 7.466 примероци, а 1.092.359 од почетокот на епидемијата.

315 пациенти биле хоспитализирани, а 22 биле на апарати за дишење.

Стапката на смртност во Србија е 2,25 проценти.

Прикажи повеќе...

Регион

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Објавено пред

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите коалиции, пренесуваат црногорските медиуми.

Со своите потписи го поддржаа Кривокапиќ пратениците од партиите „ За иднина на Црна Гора“, „Мир е нашата нација“ и „Црно на бело“ .

„Бараме од претседателот на Црна Гора да го предложи професорот Здравко Кривокапиќ за мандатар за состав на новата влада на Црна Гора“, пишува во документот.

Во црногорското Собрание денеска се одржува седница на која се верификувани мандатите на пратениците по изборите во август и на која Алекса Бечиќ од „Мир е наша нација“, би можел да биде избран за претседател на парламентот.

Во првиот дел од седницата стигна предлог со кој се согласиле сите три коалиции, кои го потпишаа документот во кој се повикува шефот на државата Мило Ѓукановиќ да го предложи за мандатар на новата влада, носителот на листата „За иднина на Црна Гора“, Здравко Кривокапиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

Ситуацијата во БиХ се влошува, 344 новозаразени и 12 починати

Објавено пред

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа се евидентирани 344 нови случаи на коронавирус, а тестирани се 2.220 лабораториски примероци.

Во изминатите 24 часа се пријавени 1.591 примерок во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ, од кои 270 се позитивни на коронавирус.

Досега се тестирани вкупно 149.037 примероци, а коронавирусот е потврден кај 16.879 лица.

Во Федерацијата БиХ до денес се излечиле 12.523 пациенти, а во изминатите 24 часа е забележано закрепнување кај 180 пациенти.

Во моментов има 3.880 позитивни случаи на коронавирус.

Присуството на коронавирус е потврдено кај 73 лица во Република Српска во последните 24 часа, а биле тестирани 629 лабораториски примероци.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет35 минути

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Македонија59 минути

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија2 часа

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Македонија3 часа

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија3 часа

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и анксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион3 часа

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите коалиции, пренесуваат црногорските...

Македонија4 часа

Бошковски од Инфективна: „Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“

Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично, вели лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, по информацијата дека синоќа...

Македонија4 часа

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Свет5 часа

Путин: Во Русија наскоро ќе биде регистрирана уште една вакцина против коронавирус

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека наскоро ќе биде регистрирана втората руска вакцина против коронавирусот. „Наскоро ќе биде регистрирана друга...

Македонија5 часа

Извештај на ИЈЗ: Пораст на бројот на новозаразени и починати за една недела

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, регистрирани се вкупно...

Македонија6 часа

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Од денеска, со одлука на Владата, дел од групите кои целосно беа ослободени од работа поради состојбата со коронавирусот, се...

Македонија6 часа

(Видео) Заев – Гир: За неколку месеци очекуваме успешна завршница на подготовките на преговарачката рамка

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на ЕУ во нашата земја, неговата екселенција Дејвид Гир. Тој...

Европа7 часа

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“. Церемонијата за...

Европа8 часа

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет8 часа

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија8 часа

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Македонија9 часа

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Премиерот Зоран Заев испратил писмо до патријархот Вартоломеј, поглавар на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул...

Македонија22 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија23 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија23 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Досие