Регион
Ердоган: Не можеме да ги игнорираме санкциите на Шведска против нас

Турција не може да ги игнорира санкциите на Стокхолм против Анкара, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иако е очигледна виталната улога што ја играме во алијансата и меѓународните организации чии членови сме, некои од нашите сојузници сè уште зборуваат за укинување на санкциите. Не можеме да ги игнорираме санкциите на Шведска против нас“, рече претседателот Ердоган.
Тој оцени дека политиката на проширување на НАТО, во која, како што рече, не се заштитени фундаменталните аспекти на безбедноста, нема да придонесе ниту за Турција, ниту за алијансата.
Турција смета на преземање конкретни чекори наместо бескорисни изјави на НАТО за да одговори на нејзината загриженост за евентуалното приклучување на Шведска и Финска, истакна Ердоган.
„Не добивме соодветна поддршка од партнерите на НАТО во борбата против тероризмот. Не можеме да замижиме пред санкциите што ни ги воведе Шведска, нема објаснување за нив. Со оглед на тоа дека улогата што ја играме во НАТО е јасна, ние и натаму разговараме за укинување на санкциите со нашите сојузници“, нагласи турскиот лидер.
Во таа насока, тој изјави дека Анкара не ја добила поддршката што ја очекувала од своите сојузници, ниту во задоволувањето на потребите за одбрана, ниту во 40-годишната борба против тероризмот.
„Нашата земја постојано беше изложена на отворени и прикриени санкции, закани, притисоци и уцени“, додаде Ердоган.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Јоксимовиќ: Кога Србија ќе влезе во ЕУ, ќе мора да воведе санкции за Русија

Јадранка Јоксимовиќ – српската министерка за евроинтеграции изјави дека кога Србија ќе стане членка на ЕУ ќе мора да се усогласи со политиката на ЕУ во однос на воведувањето санкции против Русија.
„Единството на сите во ЕУ и меѓу кандидатите е инструмент што ја ослабува Русија, бидејќи се избегнува глобален конфликт што би го одвел светот во колапс“ – изјави Јоксимовиќ во интервју за српски „Курир“.
Таа смета дека новата Влада ќе ги забрза реформите и европскиот пат на Србија.
„Во текот на следната година ќе го имаме подготвено кластерот два – внатрешен пазар и пет – кохезија, ресурси и земјоделство. Кластерот три – инклузивен раст и конкурентност е веќе подготвен, а кластерот еден – владеење на правото и четири – зелена агенда и одржливо поврзување се веќе отворени. Останува кластерот шест во однос на заедничката надворешна и безбедносна политика“ рече Јоксимовиќ и додава дека „Србија според старата методологија на ЕУ поминала половина од преговарачката работа, а според новата Србија е единствената што ги забрзала преговорите“.
Регион
Деветгодишно момче загина од удар на гром во Црна Гора

Во селото Краденик, во Црна Гора во саботата околу 18:00 часот од удар на гром во големо невреме загинало деветгодишно момче А.Ф. а едно женско лице било повредено, но не побарало лекарска помош, јавуваа тамошните медиуми.
Како што информираат од Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа на Црна Гора, момчето загинало додека вршело земјоделски работи.
Веднаш по веста за ударот на гром, на местото на трагедијата пристигнала екипа на итната помош, но лекарите го пронашле детето без знаци на живот, па не помогнала ниту реанимацијата која следела.
Несреќното момче му помагало на семејството кое го собирало сеното на ливадата, кога почнало невремето.
Македонија
Асен Василев: „За македонското прашање си ја завршивме работата“

„Ние ја завршивме нашата работа за македонското прашање“, изјави во Бугарија Асен Василев, кандидатот за премиер од „Продолжуваме со промената“, пренесуваат бугарските медиуми.
„Колегите од Република Северна Македонија сметаат дека овој предлог е пробугарски“, рече Василев на излезот од средбата за коалициски преговори, одговарајќи на новинарско прашање.
„Треба да бидеме задоволни со тоа што овој пробугарски предлог им создава проблеми на соседите, а не на нас“, нагласи Василев.