Контакт

Регион

ЕУ се коригира, Тесла сепак не е познат Хрват

Објавено пред

По реакцијата од државните органи на Србија, од официјалната интернет-презентација на Европската Унија беше исфрлен спорниот дел од текстот во „катчето за учење“, во кој било наведено дека големиот американски научник со српско потекло, Никола Тесла, бил познат Хрват, пренесува „Спутник“

Српското Министерство за култура изрази задоволство поради исправката, пред сè, имајќи предвид дека наведената содржина е интерактивна игра наменета за образование на младите.

„Се надеваме дека вакви и слични грешки нема да се повторат, со оглед на тоа дека не е првпат, во разни околности, но со исти мотиви, неточно да се прикажува националноста на познатипт светски научник“, порачуваат од Министерството.

Пред четири дена беше објавено дека на страницата „Катче за учење“ на официјалната веб-страница на ЕУ во делот за Хрватска стои оти Никола Тесла е славен хрватски научник, што предизвика бурна расправа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Во Украина објавена снимка со детали од апсењето на напаѓачите на водачот на Кавачкиот клан

Објавено пред

Украинската полиција објави видео од апсењето на напаѓачите на наводниот водач на Кавачкиот мафијашки клан од Црна Гора, Радоје Звицер.

Подолгата снимка, објавена на налогот на националната полиција на Украина, ја опфаќа целата акција, почнувајќи од снимките од надзорните камери на обидот за егзекуција во центарот на Киев, па сè до испрашувањето во станица.

На снимките, може да се види и увидот од истрагата каде е прикажано и користеното оружје, а потоа и „ловот“ односно потрагата по осомничените во текот на ноќта.

„Од каде си?“, прашува полицаец еден од уапсените на снимката.

„Од Македонија“, одговара човекот со лисици на рацете.

Второто лице на видеото одговара дека е од Србија и дека разбира зошто е уапсен.

Подоцна, меѓу другото, во полициската станица прикажан е еден од уапсените со српски пасош.

Според тамошните медиуми, украинската полиција ги уапсила осомничените вчера во Одеса, а при апсењето тие се спротивставиле и се обиделе да избегаат. Тие се обиделе да стигнат до границата со Молдавија и така да избегаат од украинската полиција.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Објавено пред

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на случаи останува 2.244.

Досега се тестирани 64.266 лица, од кои 584 во последните 24 часа. Хоспитализирани се 38 лица, од кои шест се прикчлучени на респиратор.

Оздравени се 2.047 пациенти, од кои еден во последните 24 часа. Вкупниот број на починати е 101.

Поради новата состојба, во Хрватска се донесени нови одлуки – се укинува забраната за настани и јавни собири со повеќе од 40 луѓе. Спортските натпревари може да се одржуваат од 30 мај на отворено, а од 13 јуни на затворено, но засега без публика.

Од 29 мај се укинува ограничувањето според кое на погреби можеше да присуствува само најблиското семејство, а се укинува и забраната за свадбени церемонии.

Сепак, овие настани мора да се одржуваат со придржување до мерките и препораките на Хрватскиот завод за јавно здравје.

Прикажи повеќе...

Регион

Грција ги очекува Германците, Кипарците и Израелците во првиот бран туристи

Објавено пред

Грција ќе им овозможи на патниците од речиси 20 земји, вклучително и Германија, Кипар и Израел, да влезат од средината на јуни, а нивните граѓани нема да мора да бидат ставени во карантин, откриваат владини извори нагласувајќи дека се очекуваат првите туристи токму од тие три земји.

Туризмот учествува со приближно 20 проценти од грчката економија и владата го смета овој сектор како главен двигател на закрепнувањето по изолацијата.

„Ќе може да дојдат граѓани од 20 до 25 земји“, открива извор од владата додавајќи дека Германија, Кипар, Израел и други европски и балкански земји се на списокот.

Премиерот Киријакос Мицотакис рече дека Германците ќе може да ја посетат Грција од 15 јуни. Меѓународните летови за Солун ќе продолжат на истиот датум, две недели порано од планираното.

Граѓаните на ЕУ – со исклучок на Италија, Шпанија и Холандија – моментно може да летаат кон Атина, но мора да бидат ставени 14 дена во карантин.

На граѓаните на Велика Британија и на трети земји им е забрането влегување во Грција.

Друг владин извор рече дека здравствените експерти разговараат дали патниците треба да бидат тестирани на коронавирус пред посетата на Грција.

Владата објави дека планира да ги обнови меѓународните летови кон грчките острови на 1 јули, но сè до 15 јули нема да дозволи влез на државјани на земји со висока стапка на инфекција.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Кафеаните ќе работат до 22 часот, на маса ќе можат да седат четворица само ако се од исто семејство

Со одлука на Владата од утре може да отпочнат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови...

Македонија14 часа

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа15 часа

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа18 часа

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион18 часа

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Македонија19 часа

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател...

Македонија19 часа

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Македонија20 часа

Бектеши: Угостителите ќе работат до 20 часот, на една маса само по четири лица

На една маса во угостителски објект може да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот, соопшти...

Македонија20 часа

Чулев: Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја повика Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците....

Македонија20 часа

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека...

Македонија22 часа

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Свет23 часа

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лаен, денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Свет23 часа

Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирусот

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен....

Македонија24 часа

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот покрај олабавувањето...

Економија1 ден

Србија забрани слетување на „Монтенегро ерлајнс“ на аеродромот во Белград

На авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдиле...

Македонија1 ден

Од денеска нема полициски час, од утре со работа почнуваат кафулињата

По 66 дена, од денеска се укинува полицискиот час во земјата воведен поради коронавирусот. Владата вчера на седница донесе и...

Забава1 ден

Андреа Бочели: Мојата сопруга, децата и јас оздравевме од коронавирусот и дониравме плазма

Италијанскиот пејач, текстописец и продуцент Андреа Бочели (61) беше заразен со коронавирус, но оздраве, пишуваат локалните медиуми. Музичарот вели дека...

Македонија2 дена

Караџовски: Изминатите 14 дена беше намален бројот на новозаболени затоа препорачавме олеснување

Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести ги објасни причините зошто Комисијата се одлучила...

Македонија2 дена

Филипче: Да бидеме одговорни, за да не се вратиме пак на рестриктивните мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче по седницата на Владата за олабавување на мерките, рече дека граѓаните мора да ги почитуваат...

Македонија2 дена

Османи: И покрај пропустите, државата добро се справи со коронавирусот

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека и покрај тоа што имало одредени пропусти, прекршувања на мерките и одредени критики, државата добро...

Досие