Регион
ЕУ: Јасно им ставивме до знаење на Белград и Приштина

ЕУ јасно стави до знаење дека Приштина и Белград нема да склучат посебни или делумни договори, како што претходно се случуваше во Брисел, пишува „Косово онлајн“.
Сеопфатниот договор ќе биде потпишан дури откако ќе се постигне договорот за сите теми, јавува „Газета експрес“.
Портпаролката на ЕУ, Набила Масрали, изјавила дека дијалогот, во кој таа посредува, ќе заврши со сеопфатен договор само кога ќе се решат сите проблеми меѓу Приштина и Белград, доволно за да се потпише конечен договор.
„ЕУ, како посредник во дијалогот, ќе соработува со страните на сеопфатна нормализација на односите меѓу Косово и Србија, решавајќи ги сите нерешени прашања“, рекла портпаролката на ЕУ за „Газета експрес“.
За време на речиси децениските разговори во ЕУ, претставниците на Косово и Србија потпишаа низа договори, кои не се спроведени. Зборувајќи за конечниот договор, таа наведува дека ЕУ очекува и да се применуваат претходните договори.
„ЕУ и сите нејзини држави членки очекуваат дека двете страни ќе ги имплементираат сите договори постигнати во минатото. Нерешените прашања во претходните договори ќе бидат решени паралелно во преговорите за сеопфатен договор“, се наведува во одговорот на ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Турција потпиша договор со Русија за производство на вакцината Спутник V

Рускиот фонд задолжен за производство на вакцината Спутник V (РДИФ) објави дека компанијата потпишала договор за производство на руската вакцина на турскиот пазар.
Како што е наведено, руската компанија започнала со пренесување на технологијата на производство на турскиот пазар по потпишувањето на договорот.
„ РДИФ потпиша договор со водечкиот турски фармацевтски производител за производство на вакцината Спутник В во Турција, со што започнува процесот на трансфер на технологија“, соопшти РДИФ во изјава за руските медиуми.
Претставниците на фондот истакнаа дека потенцијалниот обем на производство на руските вакцини во Турција може да изнесува неколку милиони дози годишно, а официјални лица од двете земји веќе разговараат за можно проширување на производството во иднина.
„ Вакцината Спутник V ќе биде доставена на пазарот во Турција, но и во други земји. Нашите партнери од Турција покажуваат голем интерес за оваа вакцина”, додаваат од РДИФ.
Покрај договорот за производство на руска вакцина, Турција претходно потпиша договори за набавка на кинески вакцини од „Синовак“, а првите пратки пристигнаа во земјата минатата недела, кога започна процесот на вакцинација на населението.
Според планот, Турција има намера да вакцинира 50 милиони жители до јуни 2021 година, со што се спречува растот на нови случаи на инфекција со коронавирус. Вакцинацијата во Турција ќе се изврши во четири чекори. Во првиот чекор, вакцинирани се здравствените работници, луѓето постари од 65 години и возрасните кои живеат во пренатрупани области. Ова е проследено со работници во важни услуги, луѓе над 50 години и лица со најмалку едно хронично заболување.
Во третата фаза, вакцините ќе бидат дадени на лица на возраст под 50 години со најмалку едно хронично заболување и млади луѓе, додека во последната фаза, сите преостанати турски државјани ќе бидат вакцинирани.
Регион
Вучиќ: За 72 часа Србија ќе биде втора во Европа и петта во светот според стапката на вакцинација

Србија во моментов е четврта во Европа според стапката на вакцинација, верувам дека во следните 72 часа ќе бидеме втори во Европа, а во исто време ќе можеме да достигнеме дури петто место според стапката на вакцинација во светот, изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ.
„ Пред нас се Велика Британија, Малта и Данска. Верувам дека за 48 часа, односно 72 часа, ќе ги претекнеме 2 и 3 и дека ќе бидеме втори. Верувам дека можеме да бидеме 5-то место во светот, сега сме на 9. Јас им честитам на граѓаните на Србија и на фактот дека се искачивме високо однос на економијата и заштитата на здравјето на нашите граѓани“ реч Вучиќ.
„ И денес имаме над 42.000 лица кои се вакцинирани. Речиси е невозможно да се набави вакцина. Потпишавме договор и добивме помалку вакцини, сè што добивме беше заради нашата снаодливост и затоа што се подготвивме однапред“ додаде Вучиќ.
Тој истакна дека имаат зачувани вакцини за ревакцинација и дека доколку ова темпо продолжи, вакцини „ имаме за уште седум, осум дена“.
„ Сите оние кои примиле или ќе примат, имаме зачувана вакцина за ревакцинација. Сигурен сум дека ќе обезбедиме уште една количина вакцини, една доза од 100.000 вакцини. Не можам да ви кажам ништо повеќе сега. Ќе продолжиме со тоа, се бориме со сè, чекаме одговор од Русија, проблемот е заради нив, тие имаа проблем во некои фабрики. Ќе го повикам и кинескиот премиер ако е потребно …“ нагласи Вучиќ.
Регион
Во Србија 1.483 новозаболени од коронавирус, починале 19 лица

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 1.483 новозаболени од коронавирус, а починале 19 лица.
Во последните 24 часа биле тестирани 9.434 примероци, а 2.536.948 од почетокот на епидемијата.
Според последните податоци, вакцинирани се 163.355 лица.
Од почетокот на епидемијата во Србија починале 3.868 лица.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот