Контакт

Регион

Заман: Бомбардирањето на Југославија беше грешка

Објавено пред

Претседателот на Чешка, Милош Заман, призна дека со незадоволство се сеќава на одлуката на неговата земја како нова членка на НАТО да одобри бомбардирање на Југославија во 1999 година. Тој рекол дека бомбардирањето било грешка.

„Можам да ви кажам дека тоа го сметам како грешка и сметам дека тоа беше чин на ароганција. На таа одлука на чешката влада се присетувам со незадоволство. Чешка беше последна земја што даде согласност за бомбардирање. И тоа од причина што бевме во НАТО три недели и веројатно не би било нормално кога една нова членка би била единствена земја што би ставила вето на таа одлука“, рекол Заман во интервју за агенцијата ЧТК.

Заман како премиер на социјадемократската влада и покрај протестите во неговата партија, одобри бомбардирање на Југославија и даде согласност за прелетување авиони на НАТО преку Чешка. Тој тогаш изјави дека се бомбардира поради хуманитарната катастрофа на косовските Албанци и дека би било апсурд кога бомбардирањето би водело кон отцепување на Косово од Србија.

 

Регион

Секој десетти работник во Словенија е странец

Објавено пред

Клучниот проблем на словенечката економија е дека земјата има недостиг од работна сила која ќе ги одржува високите стапки на економски раст како во последните години, рече министерот за економија, Здравко Почивалшек, во разговор со челници на неколку странски компании.

Според податоците на Државната статистичка канцеларија, кон крајот од минатата година во Словенија имало 885.700 работно активни лица, меѓу кои 87.700 странци, што значи дека речиси секој десетти вработен е странски државјанин.

Повеќето од нив се од Босна и Херцеговина (42.000), па следуваат државјани од Србија (околу 11.000).

На трето место се работници од Хрватска, но разликата е во тоа што на Хрватите за вработување во Словенија веќе не им требаат работни дозволи со оглед на членството на Хрватска во Европската Унија.

Речиси 7.100 вработени во Словенија се од Косово, а има и 6.000 македонски државјани.

Вработувањето лица од трети земји од 2015 година го олеснува и правилото според кое дозвола за работа и престој странците може да добијат во општините, дипломатските претставништва во други земји или преку агенцијата за вработување.

Поради тоа, бројот на вработени странци во Словенија во последните години е многу висок.

Прикажи повеќе...

Регион

Според „Ле Соир“, Колинда Грабар-Китаровиќ е сериозен кандидат за водечка функција во ЕУ

Објавено пред

Белгискиот весник „Ле Соир“ во голем текст за можните решенија за водечки функции во европските институции, покрај хрватскиот премиер Андреја Пленковиќ, ја спомнува и актуелната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

Белгискиот весник вели дека Колинда Грабар-Китаровиќ има солидно министерско искуство. Таа беше помошник-генерален секретар на НАТО и е претседател на Хрватска од 2015 година.

„Ле Соир“ пишува дека за Грабар-Китаровиќ би можело да има повеќе консензус отколку за Пленковиќ, кој „Ле Соир“ исто така го спомнува како можна опција.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Членовите на босанската влада со воз заминаа на седница во Мостар

Објавено пред

Членовите на владата на Федерацијата на БиХ денеска со воз допатуваа на седницата во Мостар, што е симболична поддршка на железницата, која постојано добива и финансиска поддршка од државата.

Членовите на федералната влада од Сараево со воз патуваа до Мостар, каде што денес се одржува 183. седница. Како што е истакнато, станува збор за безбеден, удобен, брз и економичен начин на патување.

Благодарение на железничката пруга Сараево – Мостар, истакнатиот британски „Гардијан“ минатата година ја рангира Босна и Херцеговина меѓу 18-те земји во светот каде што најдобро може да се доживее патувањето со воз.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Кривичниот суд: Сеад Кочан од 17 јули во затвор

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд во Скопје, надлежен да постапува по предметот на СЈО – „Труст“, изготвил...

Македонија4 часа

(Видео) Камчев да биде донесен со полиција да сведочи, бара СЈО

Поради повреда на коленото на обвинетиот Метуш Шабани, која се случила на 16 јуни, судијката Александра Ристеска го одложи денешното...

Македонија4 часа

Канада го ратификува протоколот за членство на земјава во НАТО

Канада е најновата во низата земји што го ратификуваа протоколот за членство на земјава во НАТО. „Денес, Канада со задоволство...

Македонија5 часа

Осумката од ВМРО-ДПМНЕ бара место во работните групи за Изборниот законик

Осумката од независната група од ВМРО ДПМНЕ бара место во работните групи за измени на Изборниот законик со цел демократизација...

Македонија5 часа

Културните работници со апел до Заев: Метлата нека го одмине МКЦ

Поголема група работници во културата испратија отворено писмо до премерот Зоран Заев во кое се противат на најавените промени во...

Регион6 часа

„Вечерњи лист“: И Мирослав Шкоро во трката за претседател на Хрватска

Хрватскиот „Вечерњи лист“ објави дека пејачот Мирослав Шкоро неделава официјално ќе ја објави својата кандидатура за претседател на Хрватска. Шкоро...

Македонија17 часа

Захариева: Можно е до октомври да биде донесена одлуката за почеток на преговори со ЕУ за Северна Македонија и Албанија

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева изјави дека е можно до октомври да биде донесена одлуката за почеток...

Топ23 часа

Три години затвор за жената што прегази 13-годишно дете на Илинденска

Основниот кривичен суд денеска ја објави пресудата за предметот со сообраќајната несреќа, која на 18 септември 2015 година се случи...

Топ23 часа

Татко и љубовник сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против пет лица за трговија со дете. Меѓу нив...

Свет24 часа

Тројца Руси и еден Украинeц обвинети за уривањето на малезискиот авион во Украина

Четири мажи се обвинети за убиство при уривањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во источна Украина во 2014 година, при...

Свет1 ден

Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција – покажа независната истрага на ОН

Саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција, заклучи специјалниот известувач на Обединетите нации, Агнес Каламард, по...

Екологија1 ден

Арктичкиот вечен лед се топи 70 години порано од очекувањата на научниците

Пермафрост или трајно замрзнатата почва во канадскиот дел на Арктикот почнала да се топи 70 години порано од прогнозите на...

Македонија1 ден

Заев: Ниту една земја членка на ЕУ не е против отворањето преговори со Северна Македонија

Ниту една земја членка на Европската Унија не е против отворањето преговори со Северна Македонија, изјави премиерот Зоран Заев на...

Топ1 ден

Откриени злоупотреби со службени возила во општина Велес

Поранешен градоначалник и поранешен претседател на Советот на Општина Велес се обвинети за злоупотреба на службената положба. Според велешкото Обвинителство,...

Свет1 ден

Русија претстави доказ дека терористите се обидуваат да добијат биолошко оружје

Меѓународните терористи се обидуваат да добијат пристап до нуклеарно и биолошко оружје, а и до токсични хемикалии за да ги...

Свет1 ден

Во земјотресот во Јапонија повредени 26 лица

Најмалку 26 лица се повредени, од кои едно критично, кога земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди во вторникот...

Свет1 ден

(Видео) Запленети 16,5 тони кокаин во Филаделфија вреден една милијарда долари

Американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарен брод „МСЦ Гајан“ во пристаништето во Филаделфија. Станува збор за една од...

Македонија2 дена

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет2 дена

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ2 дена

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Досие