Македонија
Заменик началникот на ВМА: Состојбата на пациентите од Македонија е тешка

Заменикот началник на воената медицинска академија, Иван Лековиќ, денес изјави дека шест пациенти биле транспортирани во оваа здравствена установа и дека еден пациент е згрижен во воената болница во Ниш и посочи дека сите се во тешка и сериозна состојба.
Во изјавата на Министерството за одбрана се наведува дека пациентите биле транспортирани во три медицински возила и транспортниот авион на српската армија и дека еден пациент е згрижен во воената медицинска болница во Ниш. Сите пациенти кои биле примени во Воената медицинска академија се на помлада возраст, од 1998 до 2007 година, и тие се на единици за интензивно леќење, а нивната состојба е тешка и сериозна. „Ги преземавме сите мерки на интензивно лечење и ги искористивме сите наши ресурси за да им помогнеме на овие луѓе и да им помогнеме на луѓето од Северна Македонија“, рече Лековиќ.
Зборувајќи за процесот на повреди тој истакна дека сите пациенти биле во многу сериозна состојба.
„Покрај изгорениците што ги имаат сите, пациентите имаат и знаци и симптоми на труење од чадот, како и инхалациони повреди, односно оштетување на органи за дишење со топол воздух и материјали од пожарот. Лечењето е долготрајно, изискува бројни операции, вклучување на бројни други специјалисти – пулмолози, кардиолози, невролози, пластични хирурзи“, рече Лековиќ, според тамошните медиуми.
Тој додаде дека сите оперативни интервенции се изведуваат во повеќе акти и дека ќе треба да направат одредени засеци, да ги елиминираат овие оштетени површини и да ги покриваат изгорените површини со различни видови трансплантации.
„Сето тоа бара време и многу напор“, рече полковникот Лековиќ, додавајќи дека пациентот кој бил примен во болницата во Ниш, бил опериран и дека е во сериозна состојба.
Тој изјавил дека тие испратиле тим од шест члена до Македонија, кој се состои од двајца хирурзи пластичари, анестезиолог, анестетичар и двајца медицински техничари.
„Тие останаа во Скопје за да им помагаат на колегите од Северна Македонија во операцијата на пациентите. Ќе бидат таму сè додека е потребно“, истакна Лековиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Да не се шират дезинформации во врска со бројот на загинатите, бидејќи дополнително се зголемува вознемиреноста во јавноста, порачуваат од Владата

Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените.
„Ова се моменти на тага и солидарност, кога сите мора да покажеме одговорност и почит кон жртвите.
Во јавноста се пласираат шпекулации и дезинформации во врска со бројот на загинатите. Владата со целосна одговорност потврдува дека бројот на жртви е 59. Сите други тврдења за 100 или 120 загинати се неточни и неосновани. Ваквите лажни информации само ја зголемуваат вознемиреноста во јавноста и нанесуваат дополнителна болка на семејствата на жртвите.
Бројките ги утврдуваат официјалните медицински и истражни служби кои работат на терен. Владата инсистира на целосна транспарентност и јавноста ќе биде редовно информирана за сите нови детали поврзани со истрагата“.
Апелираат до медиумите и граѓаните да не наседнуваат на непроверени информации и да не шират шпекулации.
Ова, потенцираат од Владата не е време за манипулации, туку за заедништво, почит и одговорност.
Владата, напоменуваат од таму, останува посветена на расчистување на сите аспекти од оваа трагедија и преземање на сите неопходни мерки за да обезбеди правда и поддршка за семејствата на жртвите.
Македонија
Таравари: Сите хоспитализирани пациенти во Солун во моментот се во стабилна состојба

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и д-р Илир Вела, пристигнаа во Солун со цел да ги посетат и да се информираат за здравствената состојба на хоспитализираните пациенти.
„Ги посетивме Општата болница Папаниколау и Воената болница во Солун и во овој момент можам да информирам дека сите пет пациенти примени во овие установи се во стабилна состојба. Изразувам искрена благодарност до нашите колеги во Солун, како и до грчкиот народ и владата, за нивната посветеност и поддршка, како и помошта која ни ја пружија во овие моменти“, изјави министерот Таравари.
Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.
Македонија
Изгласана недоверба на делегатите на УСС УКИМ, студентите не можат да имаат претставнички тела контролирани од властите, порачаа од Независното студентско собрание

Штотуку ФСС на Филозофскиот факултет при УКИМ изгласа недоверба на делегатите на УСС УКИМ. Овој модел на студентско претставување е истрошен, соопштија од Независното Студентско Собрание на УКИМ.
„Експериментот со УСС заврши, студентите на УКИМ ќе се самоорганизираат пленумски.
Тоа за кое пред деценија студентите се бореа, никогаш не го добија. Наместо автентично претставување на студентскиот интерес го добивме зависниот бирократски лавиринт наречен УСС на УКИМ“, потенцираат во соопштението.
Студентите, како што нагласуваат во напишаното, не можат да имаат претставнички тела контролирани од властите и партиите.
„Независното Студентско Собрание на УКИМ е хоризонтална самоорганизација на сите студенти на УКИМ. Ова се наши универзитет“, порачуваат.