Регион
Заразен со коронавирус се фрлил од прозорец во болница во Тирана

Шеесетгодишен пациент со коронавирус настрада откако скокнал од прозорецот на една болница во Тирана,
Настанот се случил околу полноќ, а пациентот бил сместен во болница 10 дена каде се лекувал од вирусот, пренесува албанската агенција НОА.
Како што се наведува, полицијата е на терен и започнала истрага во врска со случајот.
Ова е петти пациент во Албанија кој си го одзеде животот на тој начин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Претседателот на Србија ѝ ги предаде вакцините на БиХ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска, во Сараево, предаде контингент од 5.000 вакцини од компанијата „Астра зенека“, што Србија ѝ ги донира на Босна и Херцеговина.
На сараевскиот аеродром „Бутмир“, претседателот на Србија беше пречекан од претседателот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, и од бошњачкиот член на Претседателството, Шефик Џаферовиќ.
Беше најавено дека Вучиќ ќе биде пречекан на аеродромот од комплетното претседателство на БиХ, но присуството на хрватскиот член Жељко Комшиќ изостана.
Во пресрет на заминувањето Вучиќ за сараевските медиуми изјави дека е многу среќен што може да дојде во Сараево и да ги донесе првите дози вакцини.
Тоа, вели тој, не е помош, туку нешто што им припаѓа еднакво на сите, а Србија, како што додава, ја имаше таа среќа да обезбеди повеќе вакцини.
„Тоа се вкупно 10.000 дози. Утре 5.000 дози, а за неколку дена уште 5.000. Мислам дека тоа е особено важно за здравствените работници што работат во зоната на црвената коска во БиХ. Мојата порака е дека мора да се свртиме едни кон други, да не сметаме дека сите други ни се поважни и дека е важно колку лошо ќе кажеме за оние што се најблиску до нас“, истакна претседателот на Србија.
Тој претходно зборуваше за балканските народи, кои, според него, имаат голема сила и моќ кога се обединети.
Регион
Рекорден број заразени во Албанија, за една недела 130 починати

Во Албанија 29.040 лица се разболеле од коронавирус во февруари, објави албанското Министерство за здравство, што е повеќе од една четвртина од вкупниот број на заразени, бидејќи 107.000 граѓани се разболеле во таа земја од почетокот на пандемијата.
Во текот на февруари забележани се рекордни бројки на лица заболени од Ковид-19 за еден ден, пренесува албанскиот портал „Егзит“.
Во последната недела од февруари, 130 лица починале од коронавирусот, што е најголем број на смртни случаи за еден месец.
Од почетокот на пандемијата на коронавирус во Албанија се разболеле 107.000 луѓе, а 1.796 починале.
Регион
Србија денеска ќе ѝ донира 5.000 дози вакцини на Босна и Херцеговина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска, на аеродромот во Сараево, ќе го предаде контингентот вакцини од компанијата „Астра зенека“, што Србија ѝ ги донира на Босна и Херцеговина.
Донацијата на вакцини ќе ја примат претседателот и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, Жеjко Комшиќ и Сефик Џаферовиќ.
Предавањето на контингентот вакцини, неопходен за имунизација на граѓаните на Босна и Херцеговина против коронавирусот, ќе биде организиран на меѓународниот аеродром во Сараево, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Републиката.
Вучиќ претходно најави дека на Босна и Херцеговина ќе ѝ бидат дадени вкупно 10.000 дози од вакцината на „Астра зенека“, што ги набави Србија.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер