Регион
Захариева: Очигледно Петков сака да го тргне ветото, се води двојна надворешна политика
Бугарија има двојна надворешна политика. Министерството за надворешни работи е исклучено од разговорите меѓу премиерот и неговите колеги од Северна Македонија. Очигледно Кирил Петков се заложил да го тргне ветото без да се исполнат обврските.
Ова утрово за БНТ го изјави пратеничката на ГЕРБ и поранешна министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.
Захариева појасни дека овие наводи не се нејзини, туку се изнесени лично од актуелната министерка Генчовска.
Бугарија треба да има јасен и недвосмислен став, рече Екатерина Захариева.
Направивме апсолутно сè што е можно, рече Захариева на прашањето дали како министерка направила сè за да го објасни ставот на Бугарија.
„Жал ми е што некои од бугарските политичари се фаќаат за пропагандата на Северна Македонија. Бугарија не можела да објасни – напротив! Не треба да изгледаме како ситен историски реваншист. Тие го сакаат тоа. Проблемот не е само во апсолутно лажната историја, проблемот е што тоа создава омраза кон соседна земја. Земја која претендира да биде членка на ЕУ во 21 век, не ги почитува нормалните човекови права“, рече Захариева.
Додаде дека Бугарија мора да зборува во ист глас со своите европски партнери и ја повика Владата прво да научи да зборува со еден глас во коалицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

