Регион
За пет дена во Албанија од студот починаа осум лица
Во последните пет дена во Албанија дури осум лица починаа од ексретмно ниските температури, од кои само четири во текот на средата.
Новинската агенција Balkanweb од Тирана информираше дека во средата две возрасни лица од студот починале во Погредец и Драл.
Станува збор за стари лица, додека две деца починале за време на лизгање на езерото во Кашар, кога мразот пукнал а тие паднале во водата и смртта настапила како последица на хипотермија. Двете деца се на 12 и 15-годишна возраст, пренесуваат локалните медиуми.
Истите извори наведуваат дека температурите во Албанија веќе неколку дена се пониско од минус 20 Целзиусови степени, а по неколку децении снег наврна и во крајбрежните градови Драч.
Во Саранда, Валона и други поморски градови исто така имаше снежни врнежи, кои не се забекежани подог период.
Поради снегот голем број селски населби во североисточна Албанија се целосно отсечени./крај/мф/кн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Несреќа во БиХ: автомобил со најмалку три лица слета во река
Специјални екипи работат на извлекување на возилото што во текот на ноќта слета во реката Босна, од регионалниот пат Какањ – Високо, во градот Добриње, потврди портпаролката на МУП на Зеничко-добојскиот кантон, Алдина Алиќ.
Но, како што пренесуваат локалните медиуми, не се знае точниот број на жртви. По пронаоѓањето на возилото, ќе биде спроведена истрага, со која ќе раководи дежурниот кантонален обвинител.
Според известувањето на порталот „Кликс“, несреќата се случила синоќа, еден час по полноќ, а полицијата ја известил маж, кој бил во возилото и успеал да се спаси.
Кога пристигнале на местото на несреќата, полицијата затекнала маж со видливи повреди и отежнато комуницирање. Им кажал дека се сеќава оти бил во автомобилот со уште три лица.
Регион
Земјотрес во регионот на Параќин
Републичкиот сеизмолошки завод денеска регистрираше земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала во регионот на Параќин.
Според веб-страницата на Сеизмолошкиот завод, земјотресот е регистриран во 15:38 часот.
„Теоретскиот интензитет во епицентарот беше проценет на ниво V од Меркалиевата скала. Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат многу мали оштетувања на објекти во епицентралното подрачје“, наведуваат од Републичкиот сеизмолошки завод.
Медиумите објавија дека потресите се почувствувале во Крушевац, Крагуевац и Сврљиг.
Регион
Џенан од БиХ загубил девет членови на семејството во поплавите: „Дури сега гледате колку сте биле среќни“
Џенан Имамовиќ од Јабланица загубил девет члена од семејството, брат, сестра, нивните сопружници и деца во поплавите.
„Сестра, зет, син и снаа, брат и неговата сопруга, син, ќерка и зет. Единствена светла точка што ја имаме е малиот Еди, синот на Еди, кој преживеа, по Божја волја го нашол соседот“, раскажува потресениот Имамовиќ за N1 БиХ.
Во урнатините го видел телото на својата сестра. Моментално се спасува, а потрагата по неговиот братучед се уште трае. Неговата куќа не е оштетена во катастрофата.
“Дрвјата некако го ублажија ударот. Татко ми користеше камен за да ја изгради куќата во 1960-тите. Куќата на брат ми беше исто толку добро изградена, сега ја нема, како никогаш да не била таму. Дури сега гледате колку сте среќни “, вели Имамовиќ за N1.
Вели дека му е тешко што нема никој. Соседите ги нема. Но и покрај се, тој планира да остане во Јабланица.