Контакт

Регион

Земјотрес од 4,4 степени на Закинтос

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 4,4 степени денеска го погоди грчкиот остров Закинтос, соопшти атинскиот институт за геодинамика.

Епицентарот на земјотресот е во морето југозападно од островот, на длабочина од 10 километри.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Жена во Хрватска која се опоравила од коронавирусот, повторно позитивна

Објавено пред

Хрватските здравствени власти забележле т.н. „корона повратник“ во Задар. Имено, една жена која веќе го прележала вирусот, повторно е позитивна на Ковид-19, пренесоа тамошните медиуми.

Според информациите од Штабот за цивилна заштита во Задарската жупанија, едно лице е повторно позитивно на коронавирусот, по првичното опоравување.

Станува збор за постара жена која го прележала вирусот, а откако повторно ги добила симптомите, била одново тестирана и резултатот бил позитивен.

Бидејќи станува збор за специфичен случај, испратено е барање за мислење од Хрватскиот институт за јавно здравје и се очекува одговор, пренесува „Индекс“.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Полициски дрон во Истанбул растерувал луѓе што отишле на излет и покрај забраната

Објавено пред

На последниот ден од карантинот во Истанбул полициски дрон сними група граѓани што отишле на излет наспроти забраната.

Непослушните граѓани, кои не ја почитувале забраната за излегување од дома за време на четиридневниот полициски час, на самиот крај на прославата на Рамазан-бајрам се распослале, извадиле храна, играле со децата, а кога над нив се појавил полициски дрон, почнале да бегаат.

Луѓето потоа си ги собрале своите работи и заминале дома, наведува турскиот веб-потрал „Хаберлер“.

Прикажи повеќе...

Регион

Кипар ќе им ги плати трошоците за одмор на сите туристи што ќе заболат од Ковид-19

Објавено пред

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе биде позитивен на коронавирусот во текот на посетата.

Според Би-би-си, владата објавила писмо во кое се вели дека во ваков случај ќе ги покрие сместувањето, лековите и храната за пациентите и нивните семејства.

Заразените туристи ќе имаат само трошоци за авионски билети за Кипар и назад до дома.

Станува збор за пакет-мерки со кои Кипар се обидува да привлече посетители на островот, во кој има 939 случаи на коронавирус и 17 смртни случаи.

Туризмот учествува со речиси 15 проценти од БДП на земјата, така што владата се надева на туристички посети што е можно побргу.

„Влијанието на вирусот е огромно, се обидуваме да направиме што е можно повеќе за остатокот од сезоната“, рече заменик-министерот за туризам, Савас Пердиос, кој додаде дека властите вложуваат вонреден напор за спречување на вирусот.

Официјалните лица исто така велат дека ќе биде формирана болница со 100 кревети за сите туристи што се разболеле на Кипар, како и неколку хотели што ќе служат како карантини за семејствата на заразените.

Кипар планира да ги отвори аеродромите за земји со низок ризик, како Германија, Израел и Малта, на 9 јуни. За патници од Русија и Велика Британија аеродромите ќе бидат отворени во јули.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

МВР набавува ремени за 300.000 евра, а во полициската станица во Танушевци нема струја и вода

Осум дена полициската станица за обезбедување на границата во Танушевски е без струја, а два дена е без вода, алармираше...

Македонија60 минути

Игротеките бараат финансиска поддршка и датум за почеток со работа

Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамки на Услужната комора при Сојуз на стопански комори на Македонија, достави четири...

Македонија1 час

Независен синдикат на полицијата: Наградата за полицајците да се исплати во платата во јуни

Независниот синдикат на полицијата побара техничкиот премиер и министерот за внатрешни работи итно да се договорат за наградата за полицајците...

Македонија3 часа

Кафулињата и рестораните почнуваат со работа, сѐ уште е забрането организирање свадби и родендени

Со одлука на Владата, од денеска почнуваат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие...

Македонија3 часа

Филипче: Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба од која ќе излеземе посилни и помудри

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите,...

Економија3 часа

Парична помош за оние што останале без работа во периодот од 11 март до 30 април

Работниците што поради корона-кризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе може бргу да дојдат до...

Регион3 часа

Кипар ќе им ги плати трошоците за одмор на сите туристи што ќе заболат од Ковид-19

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе биде позитивен на коронавирусот...

Македонија18 часа

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа18 часа

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа22 часа

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион22 часа

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Македонија22 часа

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател...

Македонија23 часа

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Македонија23 часа

Бектеши: Угостителите ќе работат до 20 часот, на една маса само по четири лица

На една маса во угостителски објект може да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот, соопшти...

Македонија24 часа

Чулев: Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја повика Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците....

Македонија24 часа

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека...

Македонија1 ден

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Свет1 ден

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лаен, денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Свет1 ден

Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирусот

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен....

Македонија1 ден

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот покрај олабавувањето...

Досие