Македонија
„Имаме верба“, вели мајката на исчезнатиот Мартин за грчки медиуми
Веќе четврти ден продолжува потрагата на морското подрачје на Халкидик за пронаоѓање на 28-годишниот Мартин, кој се води како исчезнат од саботата попладне, од моментот кога заедно со своите пријатели од познатата плажа во Посиди нурнале во морето и биле понесени од морските струи.
Грчките медиуми пишуваат дека малку по 9 часот, мајката на младиот човек од Северна Македонија, заедно со роднините, пристигнала во базата на волонтерскиот тим за пребарување и спасување OFKATH во Переа, Солун, со цел да се подготват и заедно да заминат за Халкидик.
Според информациите, мајката на момчето пристигнала од Америка на аеродромот во Солун вчеравечер, со цел да учествува во потрагата по својот син.
„Тргнав од Америка да дојдам во Грција за да го пронајдам своето дете. Имам голема вознемиреност и исчекување. Им благодарам на сите што ни помагаат. И на властите и на волонтерите. Тимот на ОФКАТH е покрај нас од првиот момент и им благодарам за тоа што го прават. Имаме верба“, изјавила мајката на младиот човек за protothema.gr.
Претседателот на организацијата, Христос Рамос, рекол дека денеска им помага и времето, а повторно ќе се користи подводен дрон.
„Почнуваме денес од штабот за да ја зајакнеме базата за подготвеност на Касандра. Денеска ни помага времето. Ќе го користиме подводниот дрон. Денеска ќе се потрудиме затоа што утре повторно е лошо, ќе биде лошо. Со нас ги имаме семејството и конзулот на Скопје и се надеваме на најдобро. Мајка му дојде од Америка со други роднини, од вчера е со нас, вчера отидовме и се видовме со Иван, тој е во добра здравствена состојба и ќе излезе денес. Нашите напори сега се на Мартин. Иван ни даде многу информации, ни ја даде точно ознаката, па ќе одиме конкретно на едно парче. Ако Бог сака да помогне, сè ќе биде добро. Мора да завршиме денес“, изјавил тој за protothema.gr.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

