Регион
Кипар ќе им ги плати трошоците за одмор на сите туристи што ќе заболат од Ковид-19
Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе биде позитивен на коронавирусот во текот на посетата.
Според Би-би-си, владата објавила писмо во кое се вели дека во ваков случај ќе ги покрие сместувањето, лековите и храната за пациентите и нивните семејства.
Заразените туристи ќе имаат само трошоци за авионски билети за Кипар и назад до дома.
Станува збор за пакет-мерки со кои Кипар се обидува да привлече посетители на островот, во кој има 939 случаи на коронавирус и 17 смртни случаи.
Туризмот учествува со речиси 15 проценти од БДП на земјата, така што владата се надева на туристички посети што е можно побргу.
„Влијанието на вирусот е огромно, се обидуваме да направиме што е можно повеќе за остатокот од сезоната“, рече заменик-министерот за туризам, Савас Пердиос, кој додаде дека властите вложуваат вонреден напор за спречување на вирусот.
Официјалните лица исто така велат дека ќе биде формирана болница со 100 кревети за сите туристи што се разболеле на Кипар, како и неколку хотели што ќе служат како карантини за семејствата на заразените.
Кипар планира да ги отвори аеродромите за земји со низок ризик, како Германија, Израел и Малта, на 9 јуни. За патници од Русија и Велика Британија аеродромите ќе бидат отворени во јули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

