Регион
Колапс на системот во Црна Гора – болниците преполни
Во Општата болница во Никшиќ, која е центар за Ковид-19 во северозападниот дел на Црна Гора, сите капацитети се исполнети. Во Црна Гора бројот на лица заразени од коронавирус драстично расте секој ден, така што во вторникот беа регистрирани уште 161 случај, а две лица починаа.
Отворена е нова зона во болницата за белодробни заболувања во Брезовик кај Никшиќ, каде што продолжил приемот на заразени со вирусот.
Д-р Душанка Милатовиќ за медиумите изјави дека испратиле 16 пациенти со лесна до умерена клиничка слика во болницата во Брезовик.
Општата болница во Никшиќ е респираторен центар со 80 легла за северозападниот дел на Црна Гора.
Роднини на пациентите заразени од Ковид-19 синоќа се собраа пред болницата во Никшиќ, каде што чекаат да бидат хоспитализирани. Некои од нив чекаат на хоспитализација од утрово. Тања Јовановиќ, ќерка на еден од пациентите, за медиумите изјави дека татко ѝ од утрово чекал прием во болницата.
Таа изјави дека на татко ѝ му било кажано дека станува збор за потежок случај, дека не може да биде испратен во Брезовик и дека чекаат место во одделот во Никшиќ.
Вкупниот број смртни случаи поврзани со инфекција од Ковид-19 од почетокот на јуни е 114, а од почетокот на годината 123. Вкупниот број активни случаи на коронавирус во Црна Гора во моментот е 2.246 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

