Регион
Комшиќ и Џаферовиќ одбија да се сретнат со Лавров
Двајца членови од Претседателството на Босна и Херцеговина одбија да присуствуваат на состанокот со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пренесуваат босанските медиуми.
Босанскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ и хрватскиот член, кој во тоа тело е избран со босански гласови, Жељко Комшиќ, одлучија да го бојкотираат состанокот со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
Рускиот министер за надворешни работи втор ден е во посета на БиХ, а за денеска беше планирана средба со трочленото претседателство на БиХ.
Како што пренесува Кликс.ба, најпрво хрватскиот член на Претседателството, Жељко Комчи,ќ одбил да се сретне со Лавров. Која е причината за тоа, не е познато, а Комшиќ најавил прес-конференција на која ќе ги кажел деталите. Медиумите наведуваат дека со ова тие сакаат да му испратат порака на Лавров што мислат за неговите вчерашни активности и најави.
Лавров вчера пристигна во дводневна официјална посета на Босна и Херцеговина и веднаш по неговото пристигнување во источно Сараево, тој се состана со членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик. По средбата со него, Лавров изјави дека дека РС е добар и близок партнер на Русија, која исто така сака стабилност на БиХ и дека внатрешниот дијалог со кој земјата би ги решила своите проблеми нема алтернатива.
„Нашиот заеднички став е дека Дејтон е темел на функционирањето на БиХ и дека треба да се почитува еднаквоста на трите конститутивни народи и двата ентитета“, рече Лавров додавајќи дека Русија ги повикува сите да ги почитуваат овие основни карактеристики на Дејтон, а дека сите проблеми треба да се решаваат со внатрешен политички дијалог, односно без мешање во внатрешните работи на БиХ.
Тој повика на затворање на Канацеларијата на високиот претставник во БиХ, како „анахронизам што го дискредитира Западот“, тврдејќи дека на БиХ не ѝ треба меѓународен протекторат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Почина 13-годишното девојче кое падна од шести кат од зграда во Мостар
Почина тринаесетгодишното девојче кое падна од балконот на шестиот кат во зграда во Мостар.
Информација за „Аваз“ ја потврдил Људевит Мариќ, портпарол на полицискиот оддел на МУП на Херцеговско-неретванскиот кантон.
Инцидентот бил пријавен во полиција во 14 часот и 30 минути, а на лице место бил спроведен увид, предводен од дежурниот кантонален обвинител на Обвинителството на Херцеговско-неретванскиот кантон.
Како што беше речено, преземени се сите потребни истражни дејствија за целосно расветлување на сите околности на овој настан.
Во моментот на падот, според „Аваз“, девојката била сама во станот, а малку порано нејзината мајка излегла да пазари во блиската продавница.
Откако дознала за несреќата, жената доживеала шок.
Регион
Тринаесетгодишно девојче паднало од шести кат од зграда во Мостар
Тринаесетгодишно девојче е во тешка состојба откако паднало од балкон на станбена зграда во Мостар.
Таа е хоспитализирана во Универзитетската клиничка болница Мостар, пренесува Klix.ba потврда од оваа здравствена установа.
Според првичните информации како што пишува медиумот тоа се наоѓа на Одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување.
Според неофицијални информации, девојката паднала од шести кат.
Засега не се познати околностите за нејзиниот пад, според написите.
Регион
Борисов ја повлекува кандидатурата за премиер
Лидерот на централно-десничарската бугарска партија ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов, ја повлече својата кандидатура за премиер на Бугарија и одлучи да го врати мандатот за формирање влада.
„Не сакам повеќе да се занимавам со оваа земја. Ќе го вратам мандатот штом го добијам“, изјави Борисов на прес-конференцијата.
Борисов ја донесе одлуката по неуспешните преговори за коалиција по парламентарните избори во октомври, на кои ГЕРБ освои најмногу гласови, но без доволно мнозинство за самостојно да формира влада.
Минатата недела Борисов и понуди на коалицијата „Продолжување на промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) поддршка за кандидатурата на Атанас Атанасов за претседател на парламентот, под услов да формираат заедничка влада со него како премиер, но тој предлог беше одбиен.
Парламентот се уште е блокиран, а пропаднаа и обидите за избор на претседател на Собранието.