Регион
Курти: Договорот не е најдобар за Косово, но е можност да се оди напред

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека договорот постигнат во Охрид меѓу Косово и Србија како услов вклучува формирање заедница на општини со српско мнозинство, јавуваат косовските медиуми.
Курти во интервју за РТК кажува дека договорот не е најдобар за Косово, но дека е можност да се оди напред, пренесе „Фена“.
Тој вели дека во членот 10 од европскиот предлог за нормализација на односите меѓу Србија и Косово се вели дека двете страни потврдуваат дека мора да се применат сите досегашни договори.
„Затоа има 39 договори, кои мора да се спроведат“, рече Курти додавајќи дека членот 7, кој зборува за српската заедница во Косово, е за служби, а не за структури.
„Ниво на самоуправување, без загрозување на уставниот поредок на Косово“, додава Курти и посочи дека има неколку предлози, но, како што тврди, другата страна се заканила со прекин на разговорите.
Лидерите на Србија и на Косово во саботата во Охрид постигнаа договор за нормализација на односите меѓу двете страни, кои беа нарушени од осамостојувањето на Косово во 2008 година.
Во текстот на договорот се наведува дека двете страни ќе развијат „нормални, добрососедски односи засновани на еднакви права“, дека „заемно ќе ги признаваат документите и националните симболи, вклучувајќи пасоши, дипломи, регистарски таблички и царински печати“ и дека Србија нема да се спротивстави на членството на Косово во ниту една меѓународна организација.
Исто така, ниту една партија нема да ги блокира или охрабрува другите да го блокираат напредокот на другата страна на нејзиниот пат кон ЕУ.
Вучиќ неколкупати досега повтори дека нема да ја признае независноста на Косово, ниту да прифати членство во ОН. Од друга страна, од Приштина стигнаа пораки дека заедницата на српски општини, на чие формирање инсистира Белград, може да биде дел од конечниот договор, само доколку во центарот има меѓусебно признавање.
Курти рече дека Охридскиот договор е „де факто признавање на Косово од Србија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
НАТО испраќа засилување во Косово, 500 војници пристигнуваат од Турција

Во Косово почна зајакнувањето на мировните сили на НАТО по минатонеделните немири на северот на земјата, соопшти Алијансата.
Насилството избувна кога косовските власти назначија градоначалници етнички Албанци на позиции во северните општини кои беа избрани со излезност од само 3,5 отсто, бидејќи Србите ги бојкотираа локалните избори.
Во судирите беа повредени 30 припадници на мировните сили на НАТО познати како КФОР и 52 српски демонстранти.
„Околу 500 војници од турската 65-та механизирана пешадиска бригада ќе го сочинуваат најголемиот дел од засилувањата“, напиша на „Твитер“ портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску, пренесе „Индекс“.
#NATO reinforcements have started to arrive in Kosovo following last week’s violence which injured 30 @NATO_KFOR peacekeeping troops. Around 500 🇹🇷service members from Türkiye’s 65th mechanized infantry brigade will make up the bulk of the reinforcements.https://t.co/vAho8N0hbb pic.twitter.com/Z7NQ5FqV23
— Oana Lungescu (@NATOpress) June 5, 2023
Како одговор на кризата, НАТО одлучи да испрати дополнителни 700 мировници на Косово, со што ќе го засили својот контингент од 4.000 војници, а генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг, во четвртокот рече дека е подготвен да испрати уште.
„НАТО ќе биде во состојба на готовност. Ќе бидеме таму за да обезбедиме безбедна средина, но и да ги намалиме тензиите“, изјави тој за новинарите за време на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло.
Регион
Убиецот во Љубљана најден мртов, локалните жители се соменеваат дека убиствата биле поради долгови

Во реонот на љубљанската област Фужина попладнево се случи пукање во кое две лица загинаа, а човекот за кој се верува дека е сторителот подоцна е пронајден мртов, соопшти словенечката полиција, пренесува агенцијата СТА.
Според засега достапните информации, двете лица починале на лице место како последица на тешки прострелни рани.
Убиството било извршено во познат локал во областа.
Очевидци за СТА изјавија дека жртвите биле во барот кога насилникот им се приближил. Тие се повлекле од терасата до детското игралиште кое се наоѓа веднаш до шанкот, а таму напаѓачот извадил пиштол и пукал во нив.
Според локалните жители кои ги познавале жртвите, може да се работи за долгови, пренесува СТА. Полицијата се уште не го открива мотивот за нападот.
Сторителот побегнал од местото на настанот, а полицијата подоцна соопшти дека на пошироко подрачје пронашла мртов маж за кој, според досега познатите информации, се верува дека е сторител на делото.
Неофицијално, напаѓачот си го одзел животот, пишува „Јутарњи“.
Регион
Пукање во Љубљана, две лица убиени, главниот град на Словенија под полициска опсада

Истрели одекнале во Љубљана околу 15 часот, јавува N1 Словенија. Како што соопштија од полициската управа во Љубљана, две лица починале од прострелни рани на местото на настанот.
Насилникот се уште е во бегство, соопштија полициските службеници кои го обезбедуваа местото на престрелката и трагаат по сторителот.
„Бараме да ги почитувате упатствата на полициските службеници за да не ја попречувате работата на итните служби со престој на лице место“, велат од Управата на полицијата во Љубљана.