Регион
(Видео) КФОР: Не знаеме каде се однесени уапсените во Косово

Виченцо Грасо, портпарол на КФОР, изјавил дека КФОР е известен оти четири лица се уапсени во Косово, но дека нема точна информација каде се наоѓаат тие.
„Косовската полиција уапсила неколку лица во врска со убиството на Оливер Ивановиќ. Известени сме дека се уапсени четири лица и не сум сигурен каде се наоѓаат сега, но сигурен сум дека се во полиција и дека ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, рекол Грасо за телевизијата „Прва“.
Запрашан дали знаел што се случувало и се подготвувало во Косово, тој одговорил:
„Знаевме дека е една полициска акција, а вчера немаше никакви трупи, ниту планирани акции ниту какви било налози. Вчера знаевме нешто, но не можам да кажам детаљно“.
Во меѓувреме српската влада одржа вонредна седница поради упадот на специјалната косовска полиција РОСУ на северот во Косово. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од утринава има состаноци со шефовите на војската и на полицијата. Премиерката Ана Брнабиќ ги откажала сите најавени активности. По вонредната седница, никој не дал изјави за медиумите.
Припадници на РОСУ рано утрово во северниот дел на Косовска Митровица уапсила четири лица, и тоа Драгиша Марковиќ, припадник на Косовската полициска служба (КПС) со српско потекло, а кој работел на случајот на убиството на Ивановиќ, потоа Саша Чуркиќ, Марко Рашиќ и Недељко Спасојевиќ, исто припадник на КПС. Според РТС, тие се одведени во полициска станица во Јужна Мировица.
Градоначалникот на северна Косовска Митровица, Горан Ракиќ, ги повика граѓаните што се собираат на плоштадот на воздржаност.
Ивановиќ беше убиен на 16 јануари годинава пред седиштето на политичката партија Слобода, демократија, правда, на чие чело беше тој. Извршителите на убиството сè уште не се фатени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучевиќ: Време е оние што повикуваат на насилство да одговораaт

Претседателот на Српската напредна партија и советник на претседателот, Милош Вучевиќ, денес изјави дека верува оти Обвинителството ќе си ја заврши работата и дека оние што јавно се залагаат и промовираат насилство ќе бидат повикани на одговорност. „Пет до дванаесет е, а можеби и дванаесет и пет за оние што повикуваат на насилство да одговорат“, рече Вучевиќ за „Танјуг“.
Тој исто така оцени дека протестите пред семејните домови се чист фашизам. „Она што го гледаме сега, дека одат по куќи, станови, ги напаѓаат нашите семејства и соседи, сè најлошо и најодвратно, покажува немоќ и отсуство на каква било политичка смисла. Тие покажуваат кукавичлак, безгрижност“, рече Вучевиќ.
Според него, последниот чин од оваа претстава сè уште треба да се одигра. „Тие беа трипати пред мојот стан, ние веќе сме навикнати на таква ситуација, колку и да е непријатна. И тие само ни даваат уште поголема сила да се бориме против нивните политики, а не да молчиме. Како што видовте, никој не се повлече ниту се засолни“, рече тој. ж
Оние што го организираат тоа, изјави, се вистинските цели на оние пред чии станови протестираат.
„Тие нè прават вистински цели, ако сме убијци и криминалци, тие се одговорни ако нешто им се случи на нашите семејства. Сакам она што им се случува на нашите семејства никогаш да не им се случи ним. Првото нешто што би го направил е да ги заштитам нивните семејства ако нешто се случи.
Се боревме против фашизмот во Втората светска војна, ќе се бориме и сега“, рече Вучевиќ, според „Танјуг“.
Регион
Трагедија во Грција: бебе се задави со сувлаки – итно било префрлено во болница, но немало начин да се спаси

Трагедијата се случи синоќа во Ираклион, Крит, кога 20-месечно девојче се задави додека јадеше сувлаки.
Девојчето зело парче месо додека семејството вечерало. Детето се задавило и веднаш било однесено во болницата „Венизелио“.
Според информациите доставени до Cretalive од директорот на болницата, лекарите успеале да извадат парче сувлаки од неговите дишни патишта и вршеле кардиопулмонална реанимација повеќе од еден час, но не можеле да го одржат во живот, објавува „Прототема“.
Во истиот град во средата попладне се удави 11-годишно дете. Пливачите се обидуваа да му помогнат сè додека не пристигна брзата помош. Малото дете беше однесено во болница, но и покрај напорите на лекарите, почина.
Фото: принтскрин
Регион
Земјотрес ја погоди Лефкада: „Многу се тресеше“

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, 25 јули 2025 година, во 7:31 часот наутро во Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Лефкада.
„Столот се тресеше многу“, „Беше краток, но силен“, се само дел од коментарите на луѓето кои го почувствувале земјотресот.
Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.