Регион
Лајчак: Во Приштина согласност за спроведување на сите договори со Белград
Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, по вчерашната ненајавена посета на Приштина, соопшти дека заедно со премиерот на Косово, Албин Курти, и шефот на преговарачкиот тим во Брисел, Бесник Беслими, постигнале договор за спроведување на сите договори постигнати меѓу двете страни.
Лајчак на „Твитер“, заедно со фотографија од вечерата со Курти и Беслими, објави дека се вратил во Косово за да продолжи со „чесните, отворени и интензивни дискусии“ за следните чекори и за патот кон нормализирање на односите со Србија.
Back in Kosovo today to continue my frank, open and intense discussions with PM @albinkurti and DPM @BislimiBesnik on next steps and the way forward on normalisation of relations with Serbia. We also agreed that all past Dialogue Agreements must be fully implemented. pic.twitter.com/zURabtdEmF
— Miroslav Lajčák (@MiroslavLajcak) January 25, 2023
„Се согласивме и дека сите претходни договори за дијалог мора целосно да се спроведат“, рече Лајчак.
Во синоќешното интервју за ТВ „Клан Косова“, пред заедничката вечера со Курти и Беслими, словачкиот дипломат и претставник на ЕУ предупреди дека партијата што ќе го одбие европскиот предлог ќе се соочи со намалување на поддршката.
„Меѓународната заедница мора да одговори на соодветен начин и ќе ја поддржи повеќе едната страна или ќе ја намали поддршката за другата страна“, рече Лајчак во емисијата „Рубикон“.
Наведувајќи дека разговорите за планот на ЕУ за Косово се водат одделно со сите страни, Лајчак рече дека очекува Косово и Србија да го прифатат и потпишат предлогот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

